Македонија
Интензивни врнежи од снег на патот Маврово – Дебар, воведена е забрана за камиони
Од 17:10 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел од државата, на некои повисоки места со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Дебар, Прилеп и на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во 100 дена Мицкоски изврши брутална партизација на институциите, вели Филипче
Партиската книшка и лојалноста кон партијата беа предуслов за вработување во изминативе 100 дена од владината Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција, упати силна критика за владеењето на Христијан Мицкоски во првите 100 дена.
„Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национални координатори и вдомување на партиските кадри. За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН“, рече Филипче.
Наместо департизирана, професионална и високо обучена администрација, во изминативе 100 дена добивме брутална партизација на институциите, без критериуми, без стручност, професионалност и соодветно образование, додаде тој
„Ваква брутална партизација на главните органи на државата е најава за само едно, а тоа е огромен криминал преку овие институции! За 100 дена Влада дознавме дека Мерит системот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ всушност бил систем за партиски заслуги“, истакна Филипче.
Македонија
Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски
Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски и коалицијата. Ова е став на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска на прес-конференција ги анализираше првите 100 дена од мандатот на Мицкоски и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Телохранители на Мицкоски кои тепаат полицајци стануваат команданти, а лица со криминално минато се поставуваат за директори. Безбедносните служби целосно се криминализираат. За само 100 дена имаме партизација на виталните институции и загрозување на безбедноста на косовската граница. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Влен ја третираат државната граница како приватен премин. Никој не контролира што и кој влегува или излегува на Блаце“, рече Филипче.
Тој потенцираше дека од почетокот на мандатот на министерот за внатрешни работи Панче Ташковски, досега личната безбедност на граѓаните е непозната категорија.
„За сто дена ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие. Десетици нерасчистени убиства има само откако Тошковски е министер за внатрешни работи. Во полицијата, наместо професионализација имаме партизација со насилници и криминалци“, истакна Филипче.
Македонија
Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста во согласност со член 144 став 5 од Кривичниот законик.
На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години спрема оштетената – судијка на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со Законот за застареност на долговите, обвинетиот напишал објава со закани дека ќе го стори кривичното дело директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Со казнениот налог Обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда, со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата.