Македонија
Интервју со Џоана Андоноска по повод вториот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита„
„Под мотото „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“, обединети сите здравствени работници можеме да придонесеме многу повеќе за подобрување на здравствената грижа за пациентите, но и во превенција на многу заболувања“, вели м-р фарм. Џоана Андоноска, претседател на Здружението на приватни аптеки на РСМ (ЗПАРСМ). Во таа насока е и организирањето на Вториот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита“ на тема дијабет – Смарт фармацевт модул 2, кој ќе се одржи од 1 до 3 април 2024 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје, во организација на Здружението на приватни аптеки, a во соработка со ЗЛОМ-СМ и Центарот за семејна медицина Скопје.

Ситно броиме пред почетокот на Вториот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита“, кој ќе се одржи од 1 до 3 април 2024 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје, во организација на Здружението на приватни аптеки, a во соработка со ЗЛОМ-СМ и Центарот за семејна медицина Скопје. Како течат последните подготовки и која е главната тема?
М-р фарм. Андоноска: Подготовките за Вториот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита“ се веќе во завршна фаза и очекуваме успешна завршница. Здружението на приватни аптеки во организација со меѓународната агенција PharmaExpert го продолжува проектот Смарт фармацевт кој започна во претходната 2023 година. Носител на овој концепт е доц. д-р м-р фарм. Аријана Мештровиќ која е и коавтор на програмата Смарт фармацевт, европски концепт на фармацевтска грижа и професионален развој која има едукативен карактер. Таа е главен едукатор и модератор во делот за фармацевтите. Темата е дијабет каде ќе бидат опфатени повеќе аспекти од фармацевтската грижа за пациентите со дијабет.
Од аспект на фармацевтска грижа за пациентите со дијабет на симпозиумот ќе бидат опфатени насоки за лечење на дијабет, правилна практична примена на инсулин и орални антидијабетици, рационална фармакотерапија, суплементација, превенција од компликации, проценка за ризик за појава на дијабет кај недијагностицирани пациенти, собирање и документирање на податоци, следење на пациенти и професионална комуникација со лекари
Дијабетесот е тема којашто вклучува мултидисциплинарен пристап и учество на фармацевти, семејни/матични лекари и специјалисти како ендокринолози, педијатри, офталмолози, кардиолози, нефролози, гинеколози, невролози… Каква е заинтересираноста за настанот?
М-р фарм. Андоноска: Точно така, дијабетесот е болест која бара мултидисциплинарен пристап во лекувањето и третманот, затоа и овој симпозиум е мултидисциплинарен и е во соработка со ЗЛОМ-СМ и Центарот за семејна медицина и имаме учество и на семејни/матични лекари и специјалисти. На истиот ќе се споделат знаења и искуства од фармацевти, матични – семејни лекари и специјалисти, ендокринолози, нефролози, невролози, офталмолози… со заклучок дека се потребни здравствени тимови од повеќе специјалности за правилен и ефикасен третман на дијабетесот. Од голема важност е професионалната соработка на ниво на примарна здравствена заштита помеѓу фармацевтите и семејните/матични лекари и споделување на информациите, бидејќи некогаш вистинската информација во вистинско време и на вистинско место живот значи. И се разбира нашиот заеднички фокус е секогаш пациентот. Заинтересираноста за настанот е голема и очекуваме голем број на учесници.

Програмата е поделена во два дела и вклучува агенда за фармацевтите и агенда за докторите. Кои се аспектите од фармацевтската грижа за пациентите со дијабет кои ќе бидат опфатени на симпозиумот?
М-р фарм. Андоноска: Точно е дека програмата е поделена во два дела, агенда за фармацевти и агенда за доктори, но и тие два дела се мултидисциплинарни бидејќи во агендата за фармацевти имаме предавачи лекари, а во делот за доктори имаме предавачи фарамацевти, сите од својот професионален аспект.
Основата за успешна терапија е индивидуален пристап кон секој пациент и внимателно следење и менаџмент на терапијата во мултидисциплинарни тимови во кој е вклучен и фармацевтот
Од аспект на фармацевтска грижа за пациентите со дијабет ќе бидат опфатени насоки за лечење на дијабет, правилна практична примена на инсулин и орални антидијабетици, рационална фармакотерапија, суплементација, превенција од компликации, проценка за ризик за појава на дијабет кај недијагностицирани пациенти, собирање и документирање на податоци, следење на пациенти и професионална комуникација со лекари.

Која е улогата на фармацевтскиот тим во спроведувањето на фармацевтска грижа на пациентите со дијабет?
М-р фарм. Андоноска: Фармацевтите како најдостапни здравствени работници се во идеална позиција, користејќи го своето знаење и искуство да ги откријат потребите на пациентите и приоритетите во процесот на лекување. Тука спаѓа скрининг и мониторинг, менаџирање на терапијата преку совети за правилна употреба на антидијабетиците и полифармацијата, совети за правилна исхрана, правилна суплементација и физичка активност како дел од нефармаколошкиот пристап, следење на исходот од лекувањето и негово документирање.
Кои се најновите насоки за лекување на дијабетесот и колку истите се спроведуваат кај нас?
М-р фарм. Андоноска: Најновите насоки ќе ги пренесат нашите предавачи на овој симпозиум. Континуираната едукација овозможува пренесување не само на протоколите туки и искуствата на фармацевтите и лекарите во секојдневната практика. Основата за успешна терапија е индивидуален пристап кон секој пациент и внимателно следење и менаџмент на терапијата во мултидисциплинарни тимови во кој е вклучен и фармацевтот.

За крај, доколку имате нешто да додадете, а не Ве прашав, повелете….
М-р фарм. Андоноска: Сите овие активности кои ги преземаме како Здружение на приватни аптеки на РСМ се во насока на препознавање на фармацевтите како рамноправни учесници во примарната здравствена заштита и нивно вклучување во сите протоколи и реформи во чиј фокус е правилен менаџмент на терапијата на пациентите. Под мотото „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“ обединети сите здравствени работници можеме да придонесеме многу повеќе за подобрување на здравствената грижа за пациентите, но и во превенција на многу заболувања.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

