Македонија
(Интервју) Стевчо Јакимовски: Па видете го човекот, тој сака или да умрам, или да бидам во затвор

По раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на „Гром“ Стевчо Јакимовски за релацијата со Христијан Мицкоски вели: „Функционира како Путин“.
„Кој е тој во цела Македонија да кажува што треба да се прави. Ај што е шпицен премиер, изигрува и шпицен градоначалник. Може секаде, но во Карпош не може да биде шпицен градоначалник“, оценува Јакимовски.
„Да кажува дека јас сум мртов човек и дека ми се броени деновите, да проверуваат дали ќе бидам осуден за тие да имаат в.д. градоначалник во општина Карпош, да држеле дистанца од мене итн. Па видете го човекот, тој сака или да умрам, или да бидам во затвор, или да ми направи преврт во партијата“, потенцира во интервјуто за „Макфакс“, Јакимовски.
По раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ГРОМ истакнува: „Не се креативни, нема што да кажат и пак тоа за становите. Имаат проблеми со мене, но зошто имаат проблеми со Данела Арсовска во Град Скопје, зошто и таму не им одат работите како што треба?“ прашува Јакимовски.
За кавгите со Мицкоски и со ВМРО-ДПМНЕ и идните планови, повеќе во интервјуто на „Макфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.