Македонија
Инцидент и приведување на „Пластичарска“, возач одбил да ѝ застане на полицијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/31895371_10211765991329935_1871905584077340672_n.jpg)
Извори од МВР за „Макфакс“ велат дека на булеварот Никола Карев во 13:30 часот полициски службеник се обидел да застане возило марка „мерцедес“.
Возачот одбил да го сопре возилото, по што полицијата со возило се пуштила во потера по „мерцедесот“. Откако го стигнале, го застанале возилото и го привеле возачот. За случајот известен е Јавен обвинител.
Неофицијално, лицето кое управувало со „мерцедесот“ е жител на Арачиново.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Падна дел од фасада на зграда во Аеродром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dozd-aerodrom.jpg)
Центарот за управување со кризи извести дека на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 добиена е пријава за штета, односно паднат дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански, број 38, во скопски Аеродром.
Силниот ветер попладнево направи хаос во Скопје. Паднати се дрвја, има оштетени возила, откачени лимови, искинати кабли од бандери.
Во центарот на градот, на булеварот Свети Климент Охридски, дрво падна врз жена.
Македонија
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tripunovski-c-1.jpg)
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис.
„Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни“, изјави Трипуновски.
Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе се движи Министерството во иднина, со зголемен ангажман, побрза реакција и поголема грижа за македонските земјоделци, се наведува во соопштението на МЗШВ.
„Ја намалуваме бирократијата и ги забрзуваме процесите и постапките бидејќи македонските земјоделци треба да се посветат само на производството“, заврши Трипуновски.
Македонија
Тошковски-Лимани: забрзување на протокот на патници на граничните премини за време на сезоната на годишни одмори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/toskovski-limani1.jpg)
Денеска во МВР, министерот Панче Тошковски се сретна со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.
„Заедно ја анализиравме ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници на двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори кога огромен број од нашите иселеници се враќаат во татковината“, извести Тошковски.
„Ги разгледавме можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата. Секако со министерот Лимани потенциравме посветеност за унапредување на соработката и координацијата помеѓу двете институции што ќе резултира со унапредување на безбедност на сите наши граѓани што е една од главните стратешки цели на новата Влада“, додава министерот за внатрешни работи.