Македонија
Исчезнато 15-годишно момче од Чаир
Петнаесетгодишниот Фазли исчезнал вчера во скопската населба Чаир.
Момчето последен пат било видено од семејството околу 16 часот вчера напладне, а во моментот на исчезнувањето носело црни фармерки и портокалова маица.
Роднините на Фазли за „Макфакс“ велат дека вчера му бил исклучен телефонот, а утрово околу 9 часот повторно му бил вклучен, но не успеале да остварат контакт со него.
Еден час подоцна, односно околу 10 часот утрово, велат роднините, добиле дојава дека Фазли бил виден во џамија во Долно Коњаре, но сè уште не успеале да го пронајдат.
Блиските на момчето оставија и телефон за контакт за сите оние што имаат информации што се случило со момчето.
„Од вчера, во 16 часот, ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу, има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да нè информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129“, велат роднините.
Случајот бил пријавен и во МВР.
„Ноќва (12.7.2023), во 2 часот, во Полициската станица Бит-пазар, Л. Ф. (49) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Ф. Ф. (15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР за „Макфакс“.
Претходно денес, се трагаше и по 15-годишно девојче исчезнато во Прилеп, кое на крајот беше најдено во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

