Македонија
И денеска високи температури до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. УВ=8
Во Скопје малку до умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник времето ќе биде стабилно суво и многу топло. Од понеделник се очекува промена на временската состојба кај нас. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, како и со засилен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари

Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци ги зголемува за 7.000 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ.
„СДС и Тренчевска продолжуваат да манипулираат со бројки, но фактите говорат сосем спротивно.
Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари во време на КОВИД пандемија кога поради нивната лоша економска политика инфлацијата беше над 20%.
Да потсетиме дека кога СДС и Тренчевска беа на власт пензионерите секојдневно протестираа по улиците и пред владата, а нивните барања беа токму за линеарно покачување на пензиите.
СДС и Тренчевска тогаш немаа слух за пензионерите, ги донесоа до раб на егзистенција и не им овозможија достоинствен живот каков што заслужуваат.
Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и овозможува достоинствено да живеат.
За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари. Само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари“, пишува во реакцијата.
Македонија
Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштаме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, обиколницата која претставува нов современ западен булевар и е директна артерија за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој кажа дека ова бил приоритетен проект од програмата за работа уште во 2021 година.
„И денес, само неколку години подоцна, го гледаме реализиран. Со вредност од над 120 милиони денари или околу 2 милиони евра, оваа улица не е само нов асфалт, туку симбол на нашата решителност, дека ветувањата не се дават за да се заборават, туку за да се исполнат“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека паралелно со овој проект, во тек е и реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари.
„Дополнително, во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари. Тоа се крупни инфраструктурни зафати што значат подигнување на општината на едно повисоко ниво, што значи визија, план и конкретна работа“, изјави Мицкоски.
Македонија
Во Македонија повеќе од 20 пожари на отворен простор

До 14 часот имапло повеќе од 20 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, четири се под контрола, а другите се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 6
1. Oпштина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово: с.Нивичино на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп: с.Бешиште, местo викано Бешишки Рид другиот крак према с.Градешница (мешана шума);
3. Општина Македонски Брод: с.Црешнево (ниска вегетација);
4. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
5. Падините на планината Плачковица, Општина Карбинци, атар на с.Јунузлија (шума);
6. Општина Зелениково: с.Гумалево (ниска и мешана вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в.Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Македонски Брод 1: помеѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод 2: село Грешница (мешана шума и сува трева);
4. Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).