Македонија
И земјава ќе добие национална Црвена листа за заштита на природата
Денеска, во рамки на завршниот настан од втората компонента на GEF/UNEP проектот „Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето” беа презентирани резултатите од досегашниот, двегодишен процес на изработката на националните Црвени листи во Република Северна Македониjа. Со тоа нашата држава влезе во семејството на држави кои имаат Национална црвена листа. Дополнително, според меѓународните експерти, ова е прв пример во регионот каде постапката одела согласно најстрогите препораки на IUCN.
На настанот беше презентирана и националната веб-страница на Црвени листи, деталните Црвени листи за влечуги и водоземци, приоритетната листа за васкуларни растенија, а се разговараше и за употребата на црвените листи во националната политика, како и за понатамошниот развој на Црвените листи во нашата држава.
Истакнувајќи дека е особено горд што во име на МЖСПП ја има честа да ја отвори конференцијата на која се промовира сработената Национална црвена листа, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, во воведното обраќање истакна: „Сакам да нагласам дека ова е чист научен придонес на македонски експерти кои заедно со вработените од секторот природа од МЖСПП, како и меѓународните партнери IUCN и UNEP, работеа во рамки на овој проект. Националните црвени листи се важна алатка за мониторинг на биолошката разновидност и ќе помогнат да се идентификуваат приоритетните видови и подрачја за креирање успешна политика за заштита и зачувување на природа. Изработката на Црените листи претставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата, а воедно е и една од приритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028 година.
Во рамки на проектот, идентификувани и систематизирани се 46 видови од херпетофауна (водоземци и влекачи) и извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита. Националните црвени листи им помагаат на земјите: поефикасно утврдување на статусот и трендовите за зачувување на видовите, креирање политики, подигнување на свеста за загрозени видови и интегрирање на вредностите на биолошка разновидност во процесите на развој и планирање.
Настанот е организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединети нации за животна средина (UNEP). Процесот на развој на првите Национални црвени листи во РСМ го води МЖСПП со поддршка од Светската унија за заштита на природата (IUCN) преку Канцеларијата за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) со седиште во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации, велат од ЗНАМ за СДСМ
СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции, реагираат од ЗНАМ откако претходно од СДСМ истакнаа дека Максим Димитриевски е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре.
„Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е дел од оваа власт со достоинство, со принципи, со сопствена идеолошка и програмска матрица и сопствен пат делувајќи исклучиво во насока што ја ветивме пред граѓаните – чесна, одговорна и државничка политика. Кога од СДСМ се осмелуваат да зборуваат за тендери, првично нека се погледнат во огледало.
Години наназад токму тие ја претворија државата во партиска каса, институциите во сервис за свои луѓе, а правдата во селективен инструмент.
Денес, кога институциите почнуваат да функционираат без партиска директива, СДСМ панично бара алиби во измислени конструкции“, додаваат од таму.
Навредите за „кукавичко јајце“, „платеник“, „тендер коалиција“, според нив, се јазик на политичка немоќ.
Тоа, како што истакнуваат, е истиот тој наратив што ги оддалечи од граѓаните, од работниците од реалноста.
„Токму ваквото однесување и делување на СДСМ ја доведе економијата во состојба во која денес мора да се стабилизираат штетите од нивното владеење.
И наместо да понудат визија, тие сеат омраза. Наместо да бараат виновници во сите, освен во себе, нека соберат храброст и нека се соочат со сопствените постапки и грешки. Нека одговорат зошто по години власт зад себе оставија разочарани граѓани, нарушени институции и чувство дека државата служела на малкумина“.
Македонија
Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.
Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување.
Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Министерството, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.
Македонија
По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите
Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово, информираат за „Макфакс“ од МВР.
Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

