Македонија
И лани граѓаните најмногу гледале „Сител“
 
																								
												
												
											Повеќето од испитаниците во анкетата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги одговориле дека лани на дневна и неделна основа гледале „Сител“. На дневна основа „Сител“ гледале 38,85 отсто.
На второ место, дневно гледачите најмногу ја следеле „Канал 5“, со 30,84 отсто, а потоа се „Телма“ и „Алсат-М“. Јавниот радиодифузен сервис е на петтото место во оваа категорија, а зад МТВ1 се „ТВ 24“ и „Алфа“. Од осмото до единаесеттото место се странските канали „Фокс“, „Спорт клуб“, „Дискавери“, „Нешнл џиографик“.
Податоците од истражувањето на АВМУ покажаа дека на неделно ниво „Сител“ ја следеле 52,85 отсто од испитаниците. На второ место неделно најгледана е „Канал 5“ со 45,41%, а на трето „Телма“ со 25,89%.

Неделен досега на телевизиите
35,5 отсто од испитанците изјавиле дека најмногу гледаат вести, 20,4 отсто информативна програма, 10,8 отсто забавна и музичка програма, 9,7 отсто сериски филмови.
Анкетирањето е направено со CATI-метода – телефонско интервју со помош на компјутер. Вкупниот примерок го сочинуваат 9.600 испитаници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											