Македонија
И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што имале контакт со заболен од коронавирус.
Муареми на „Фесјбук“ објави дека имал контакт со Мухамед Зекири од СДСМ, кој вчера објави дека е позитивен на Ковид-19.
„Би сакал да ве информирам дека овие денови имав средба со г.Мухамет Зекири пред да излезе позитивен на тестирањето на Ковид-19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции. Немам никави симптоми, додека во текот на ова недела ќе бидам тестиран од ИЈЗ. На Мухамет Зекири заедно со фамилијата му посакувам што побрзо оздравување“, напиша Муареми.
Градоначалникот на Чаир, исто така, потврди дека е во самоизолација. Тој упати апел сите да се придржуваат до мерките.
„Ќе ја искористам можноста преку овој вид комуникација со вас да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со коронавирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше позитивен кон тестот за Ковид-19, затоа од овој момент ќе останам во самоизолација и ќе дејствувам според протоколите на соодветните здравствени институции. Драги граѓани, уште еднаш ќе ја искористам оваа пригода да ви аелирам за внимавање, придржување на предвидените мерки и сериозно третирање на оваа тематика и предизвик, бидејќи состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да стапи кон по лошо“, напиша Ганиу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.