Македонија
И оваа сабота градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржува приемен ден за граѓаните
Нов приемен ден и оваа сабота се одржува во Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од утрото досега оствари средби или по телефон разговараше со 70-тина граѓани кои изразиле желба или некаква потреба за да остварат комуникација со него.

Се евидентираат проблеми, се даваат идеи, се разговара на можности за реализација на најразлични проекти. Дел од граѓаните се дојдени и само да изразат поддршка. Средбите со градоначалникот Ѓорѓиевски со жителите на општината продолжуваат и понатаму со голема динамика.

„И сабота е ден посветен за мојот народ. Уште од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив дирекни средби и телефонски разговор со повеќе од 70 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во општината.
Мојот тим ги запишува барањата и веднаш уште денес, во зависност од природата на проблемот пристапуваме кон решавање. Она што исклучително ме радува е што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Тоа е само уште еден доказ за нашата посветеност.
Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што е сработено, а и она што допрва доаѓа, најдоброто. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен. Ќе бидам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба – во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите им погледнуваме во очи и директно ќе ги решаваме, мојот народ мора да е задоволен“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

