Македонија
И по Заев, доаѓа Заев, вели Митева за изборите во СДСМ

„СДСМ беше партија која самата некогаш се фалеше дека има над 100.000 членови, a веќе сега гледаме дека едвај 20.000 членови се регистрирани за гласање. Им посакуваме брзо да се реформираат по оваа катастрофална состојба во која се наоѓаат“, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.
Прашана за став за денешните внатрепартиски избори на СДСМ, Митева, рече дека „би кажала само дека и по Заев, доаѓа Заев“.
Прашана дали е оправдана владината одлука за укинување на факултетот за здраватвени услуги во Струга, Митева рече дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството.
„Мора да знаеме дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството како еден од најважните ресори, и едно од задолжителните начини за да се оствари истото е да се направат строги критериуми кој може а кој не може да отвора катедри на фалултети, но исто така треба да бидат свесни сите дека нема да поминат низ иглени уши сите оние кои што сакаат да ги злоупотребуваат законите“, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Воведувањето кривична одговорност за судиите е неопходна, тие не смеат да бидат недопирливи“, Левица бара власта да го поддржи нивниот предлог

„Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска седница ќе се најде и уште еден предлог на пратеничката група на Левица – дополна на Кривичниот законик со цел воведување кривична одговорност за судиите“, велат од Левица.
Од таму ги повикуваат сите пратеници, особено владејачкото мнозинство, на утрешната седница на Собранието да ги поддржат овие „разумни и неопходни предлози“ на Левица.
„Воведувањето на кривична одговорност за судиите е неопходна за да се стави крај на децениската пракса на неказнивост, праксата каде корупцијата е правило, а а правдата исклучок. Судиите не смеат да бидат недопирливи!
Со години гледаме како политичките и бизнис елитите манипулираат со правниот систем. Мораме да се спротиставиле на судските мафијашки врски, да ја заштитиме правдата и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите.
Овој Предлог-закон е првиот чекор кон вистинска реформа во судството. Ги повикуваме сите пратеници, доколку се навистина против корупцијата, ако навистина се залагаат за правда – да го поддржат овој предлог.
Секој што ќе гласа против, или ќе се воздржи од гласање – ќе докаже дека е соучесник и дел од криминалот и корупцијата која ја гуши Македонија“, соопшти Левица.
Македонија
(Видео) Очајните спинови на ДПМНЕ за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити, вели Кузеска

„ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Очајни се обидите ставовите на новинари да се прикажат како ставови на СДСМ, а комедија е обидот да се прикаже СДСМ како антизападна партија, кога ние со сите дела во минатото и сега покажуваме дека сме партија која посакува и работи на европска иднина.
Го разбираме нивниот гнев во ситуација кога немаат ниеден конкретен успех на ниедно поле, ниту политики со кои граѓантие живеат подобро. Наместо да се занимаваат со овие теми треба да објаснат на граѓаните зошто цените во маркетите се толку високи, зошто неможат да врзат крај со крај и како мислат да го подобрат животниот стандард на граѓаните. Но нив очигледно им е работа да прават дефокус и да етикетираат новинари“, одговори Кузеска на новинарското прашање.
Македонија
„Не користи мобилен телефон додека возиш“ – превентивна активност на СВР Охрид

Вчера, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид спроведоа превентивно – едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
На повеќе пунктови во Охрид, полициските службеници остварија непосредна комуникација со возачите на моторни возила и им укажуваа дека користењето мобилен телефон при управување со возило може да биде опасно како за нивната, тка и за безбедноста на другите учесници во сообрачајот, извести СВР Охрид.
Полициските службеници посочија дека користењето мобилни телефони во текот на возењето го одвлекува вниманието, се намалува внимателноста кон состојбите на патиштата и се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди. Целта на кампањата е јакнење на сообраќајната култура, свеста и совеста кај возачите за активен придонес во зголемувањето на безбедност во сообраќајот на патиштата. На возачите им беа поделени летоци со едукативни совети и насоки, соопшти СВР Охрид.