Македонија
И следната недела многу топло време со температури над 40 степени и УВ=10

Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран. Времето ќе биде многу топло со дневни температури во поголемиот дел од земјата над 35, а наместа и над 40 степени, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени.
УВ-индексот ќе има многу висока вредност 10.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Либерално демократската партија соопшти дека почина Филип Аврамчев, нивен долгогодишен член и поранешен директор на ЈУ „Универзална сала“.
„Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец.
Либерално демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели.
Не постојат зборови кои можат да ја надоместат загубата и да послужат како утеха во мигови како овој, но Филип ќе го паметиме по ведриот дух, непресушните идеи за подобро утре и моментите поминати заедно како сопартијци, но уште повеќе – како пријатели и партиски другари.
Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година ви Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток) во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје во 11.00 часот.
Другар Филип, нека ти е лесна земјата и нека ти биде светол патот. Почивај во мир“, објави ЛДП.
Македонија
Власта да не чека уште еден фемицид, ситуацијата е алармантна и недозволиво е да се чекаат уште трагедии, порачуваат од партијата Левица

Црната хроника на фемициди и семејно насилство повторно ја разбуди јавноста, но за жал, повторно предоцна. Уште едно убиство на жена беше потребно за властодршците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да сфатат нешто што Левица алармираше уште лани: дека е неопходна измена на Кривичниот законик со која телесната повреда при семејното насилство и насилството врз жени ќе се гони по службена должност, а не исклучиво по предлог на жртвата, велат од оваа партија.
Левица, како што наведуваат, оваа суштинска и животозаштитна измена ја предложи во ноември 2024 година.
„Но тогаш, парламентарното мнозинство заслепено од ароганција и партиски суети – го отфрли предлог-законот, етикетирајќи ја Левица како „популистичка“.
Истата оваа власт, која без проблем турка обемни и системски закони по скратена постапка, сега, иако најавија ‘ургентни’ измени на Кривичниот законик за конкретната цел – постапката според која го најавуваат законот претставува долга процедура. Според она што го најави министерот за правда Филков, процедурата опфаќа подготовка, консултации, објавување на ЕНЕР и течење на рокови, владини седници, мислења за да стигне до Собрание на седница, а потребната измена се однесува на бришење на буквално пет зборови во член 130, став 5 од Кривичниот законик. Како шо тргнале може и по редовна постапка да го стават со три читања“.
Постапките на оваа власт, според Левица укажуваат на институционална незаинтересираност што граничи со политичка некрофилија – чекање нова жртва за да воопшто се мрдне со прст. Оценуваат дека ниту има превенција, ниту има навремено дејствување и се дејствува дури по трагедија, ако воопшто им текне, како што велат, да дејствуваат.
„Доволна беше глумата дека измислиле топла вода – апелираме до власта веднаш, без одлагање, да ја поднесе измената која Левица ја подготви и предложи пред шест месеци, а која тие ја отфрлија.
Ситуацијата е алармантна и недозволиво е да се чекаат уште трагедии.
Македонија
Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат од ЦУК.
Во моментов, како што предупредуваат, нова нестабилна маса се движи од Гевгелија кон Дојран и се очекува повторно да го зафати невреме со истите појави.
Според последните информации од ЦУК, нестабилност со слаб интензитет има и во Кумановско, како и во Мариовско.