Македонија
Кабинетот на Груби од оаза во која не важи забрана за пушење до простор за прослави со жива музика
Кабинетот на првиот заменик на премиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, според досегашните објави, угости политичари, светски и домашни, служеше како простор за партиски прослави, оаза во која не важи забраната за пушење, ниту пак ковид – правилата, послужи и како игралиште за фудбал и кошарка, а годинава ја продолжи традицијата да се прослави роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Груби днеска со видео од жива музика во неговиот кабинет му го честиташе 65. родеднден на лидерот Ахмети. На „Фејсбук“ објави видео од својот партиски лидер Али Ахмети, на кое тој пее албанска народна песна во придружба на музичари со традиционални инструменти.
Но Ахмети на сличен начин го прослави и својот 62. Роденден. Во време на коронавирусот без маски, без дистанца и без ниту една жена на масата, петнаесетмина високи државни функционери од ДУИ го славеа неговиот роденден во барокната зграда во која се смести Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тогаш објави фотографија од „новиот дом“ на првиот вицепремиер, а подоцна на социјалните мрежи се појавија и слики на кои лидерот Али Ахмети сече торта во истата просторија.

Тогаш сите функционери беа казнети со глоба од 20 евра, а Артан Груби како организатор плати дополнително 500 евра.
Вицепремиерот Артан Груби на 07.03 2023 година објави фотографии, но и видео запис снимени во Министерството за политички систем, со кое раководи како заедно со другите министри од ДУИ, како се рекреираат во просториите на министерството. Се играше фудбал и кошарка.
На снимката се Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини. Антистрес терапија по долгиот ден – напиша Груби на Фејсбук.

Во јавноста се појавија бура реакции за оваа злоупотреба на државните простории за приватни цели.
Зградата е меѓу последните од проектот „Скопје 2014“ во вредност од 14 милиони евра и поседува десетици уметнички фотографии, кожена гарнитура и маса од масивно дрво. Во оваа зграда првично беше планирано да се смести Државната комисија за спречување на корупцијата но се направи реконструкција па објектот му беше доделен на новото министерство кое го предводи Груби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

