Македонија
Кабинетот на Пендаровски објави повик за ангажирање надворешен соработник
Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски објави повик за ангажирање лице – надворешен соработник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.
Лицата што се заинтересирани треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да не се осудувани, да имаат завршено најмалку високо образование на општествените науки, да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт, да имаат најмалку 5 години работно искуство во работа и соработка со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија и евро-атлантски интеграции. Да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), како и да ги исполнуваат условите за добивање безбедносен сертификат.
Заинтересираните кандидати, покрај писмото за интерес, потребно е да достават и докази со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство.
Писмата за изразување интерес со документацијата треба да се достават во писмена форма до архивата на кабинетот на претседателот, на улица Ацо Караманов бр. 33А, Скопје, со назнака „јавен повик за изразување интерес за ангажирање надворешен соработник“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавата на овој повик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

