Македонија
„Каде се 50 милиони евра годишно од еколошката такса на Заев“, прашува партијата Левица
„Граѓаните повторно ја дочекаа зимата обвиени во токсичен воздух, а Скопје достигна и во топ 10 градови кои се најзагадени во светот. Владата на СДС во два мандати покажа тотална неспособност да се справи со овој горлив проблем, кој чини неколку илјади животи годишно!“, велат од партијата Левица.
„Иако, СДС ветуваше дека до 2024 година нема да постои ниту една институција која загадува, фактот е дека над 500 јавни објекти уште користат мазут. Гасификацијата, како клучен сегмент за решавање на овој проблем, остана само како предизборно ветување, додека токму Владата на СДС ја укина акцизата за увоз на нафтен кокс, под притисок на силното бизнис – лоби.
Токму владата на Заев воведе еколошка такса за возилата кои загадуваат, каде помпезно беше најавен милионскиот Зелен фонд. Тогашниот премиер Зоран Заев најави дека преку оваа такса годишно ќе се влеваат 54 милиони евра во буџетот – пари кои беа најавувани дека ќе завршат за државна помош за најсиромашните семејства“, соопшти партијата Левица.
„Очигледно е дека милионите од т.н. Зелен фонд завршија во нечии приватни џебови, додека социјал-демократите повторно удрија врз грбот на најсиромашните. Наместо да воведат еколошка такса за крупните индустриски загадувачи кои увезуваат нафтен кокс, СДС повторно се стави во служба на олигархијата и дозволи непречено да загадува додека остварува милионски профит!
Токму СДС го стави во употреба загадувачот ТЕЦ Неготино, каде беше откриено дека се користи канцерогено гориво, прикажано со лажни фактури како мазут. Во овој скандал беше инволвирана компанијата на поранешниот функционер од ДПМНЕ, Ратко Капушевски. За неказнивоста на ваквите геноцидни компании говори фактот што на компанијата уште не ѝ е одземена лиценцата. Бирократските процедури и недореченостите во регулативите доведуваат до тоа задоцнето да се откријат ваквите загадувачи.
Левица се залага за зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за животна средина, како и проширување на надлежностите овој инспекторат да врши проверка уште во фаза на увозот на горивото. Оваа надлежност моментално е во рацете само на Царина и Пазарниот инспекторат, што во пракса се покажа како нефунцкионално.
Без целосна гасификација на Македонија и субвенционирање за надминување на енергетската сиромаштија, граѓаните ќе продолжат да се гушат во токсичен воздух. Токму изградбата на ХЕЦ Чебрен, како стратешки проект, е од суштинско значење за транзицијата кон обновливи извори на енергија и значително редуцирање на загадувањето. Токму заради ова, Левица е против катастрофалната идеја на Владата Чебрен да се даде на приватен капитал, со што енергетската независност на Македонија целосно ќе зависи од профит-интересите на странскиот капитал“, се додава во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почна седницата на Советот за безбедност во Вила Водно
Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за што одлучува претседателот на Советот.
Македонија
Муцунски разговарал со шеикот Бин Зајед и дал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска телефонски се слушнал со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Муцунски ја истакнал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и изразил сочувство за жртвите од нападите.
„Министерот остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, се вели во соопштението на МНР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е ајатолахот?
ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој Македонија ја спореди со Иран и Венецуела.
По ваквата изјава од владејачката партија велат дека СДСМ е потоната во свој микро свет, во кој сите се лоши, а само тие се добри.
„Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран? Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарско прашање во врска со отворената поддршка на Македонија кон САД за нападите кон Иран, лидерот на опозицијата кажа оти Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат.
Елаборирајќи го својот став, тој ги повтори критиките дека Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја турка земјата кон изолација, дека преку вицепремиер во извршната власт има контакти со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека целосно го партизира правосудството.
„Имаме власт и премиер којшто ја бутка земјата во изолација, притоа знаејќи дека во стратешки интерес на Соединетите Американски Држави е интергацијата во ЕУ и на нашата земја и на целиот регион“, рече Филипче.

