Македонија
Каевски: Одговорност за насилните протести, која е улогата на Ковачки во неуспешното крваво сценарио?
Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа. Главен режисер и сценарист е Христијан Мицкоски, заедно со неговиот прорускиот партнер Левица и коалицискиот партнер Алијанса рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ дарко Каевски.
„Глумејќи жртва, ова крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт, да поттикне спирала на насилства, тензии и обид за државата да се дестабилизира. Сценариото на ВМОР-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнато од Алијанса е дело на атниевропски сили кои не и мислат добро на земјава. Инциденти и обид за насилен упад имаше и пред зградата на Собранието, и пред зградата на Владата. Лица со качулки, насилници, повредија 47 полицајци, на сцени кои потсетуваа на 27 април“, вели Каевски.
Тој кажа дека безбедносни извори информирале дека во насилнички групи присутни се и групи платеници од странство.
„Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани. Која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки ја коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио? Откако нивните мрачни сценарија не успеаја, Мицкоски да си ги прибере пиштолџиите и да се откаже од насилството. Вистината излезе на виделина, но се уште постои опасност од нови инциденти и провокации“, рече пратеникот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

