Македонија
„Кажи ‘не’ на дрогата – ‘да’ на животот“, превентивни активности на МВР
На подрачјата на секторите за внатрешни работи Скопје, Тетово, Велес и Куманово вчера беа реализирани повеќе превентивно-едукативни активности посветени на децата од основните училишта.
Taкa, Отсекот за превенција при СВР Куманово во основното општинско училиште „Толи Зордумис“ од Куманово реализира едукативна работилница „Кажи ‘не’ на дрогата – ‘да’ на животот“, посветена на превенција од зависностите од дрога. Во рамките на работилницата учениците беа запознаени и со повеќе аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, за законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користење и трговија со дрога.
На подрачјето на СВР Тетово, со вчерашната едукативна работилница во Средното медицинско училиште во Гостивар, почна реализацијата на проектот со наслов „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција. Со овој проект, што инаку се реализира петта година по ред, вкупно ќе бидат опфатени над 2.500 ученици од гостиварските и тетовските средни училишта.
Отсекот за превенција при СВР Велес, пак, заедно со полициски службеници од НККР Кавадарци, во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци одржаа едукативна работилница на темите поврзани со насилство во училиштата.
Одделението за превенција при СВР Скопје, а во пресрет на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, реализира шест едукативни работилници во исто толку скопски основни училишта – „Лазо Ангеловски“, „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Исмаил Кемали“, „Коле Неделковски“ и „Стив Наумов“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

