Македонија
Казиното „Фламинго хотел Гевгелија“ ги става на располагање своите ресурси на државата за борба против коронавирусот
Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и светот, се соочува со последиците од пандемијата со вирусот Ковид-19, а целосно следејќи ги одлуките на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, како и препораките на Светската здравствена организација, „Макотен“ ДООЕЛ како носител на дејноста на казиното „Фламинго хотел Гевгелија“, денес по електронски пат на нивните службените адреси ги извести Владата, Министерството за здравство и Општина Гевгелија дека како општествено одговорна компанија, во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните, а за државните институции полесно да се справуваат со предизвиците, ги ставаме на располагање следните наши ресурси:
• Казино „Фламинго хотел Гевгелија“ има сместувачки капацитет од 17 апартмани, 42 соби, од кои 1 соба за лица со посебни потреби, кои може да бидат користени како место за изолација или карантин.
• Хотелот може месечно да одржува 7.000 килограми чиста постелнина по најсовремени стандарди.
• Персоналот во хотелскиот ресторан е во можност да подготвува 1.500 оброци дневно.
• Истовремено, во овој момент располагаме со 2.000 килограми свежо овошје и зеленчук, како и 2.000 јајца, кои сме подготвени да ги донираме онаму каде што ќе одлучи Владата на Република Северна Македонија.
Целосно сме подготвени за соработка со надлежните државни институции за претходна подготовка и инспекција на вработените и просторот во согласност со сите епидемиолошки најстроги критериуми.
Сметаме дека во овие тешки моменти, кои, освен закана за здравјето, предизвикуваат и економски последици за граѓаните и државата, наша должност е да се однесуваме одговорно и во служба на јавниот интерес.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

