Македонија
Казнети 39 пешаци за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила 39 пешаци во Скопје, од кои 31 пешак поради преминување улица надвор од пешачки премин и осум пешаци поради поминување улица на црвено светло.
Во текот на изминаиот ден, пак, издадени се 134 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
МВР соопшти и дека вчера во Скопје од сообраќај биле исклучени 18 возачи, од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 14 возачи управувале возила, без да стекнат право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување пешаци, четворица поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас и 13 возачи поради користење мобилен телефон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Сопиште, Кисела Вода и Зелениково

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Соње, општина Сопиште;
· од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците: Партизански пат, Илија Ристевски и дел од Драчевска во село Драчево, општина Кисела Вода;
· од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од селата: Дејковец и Добрино, општина Зелениково.
Македонија
Делови од Центар и Гази Баба денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта на ул.Ленинова бр. 73, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Ленинова (на потегот од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов до ул. Никола Тримпаре), општина Центар;
· поради изведувње на водоводен приклучок на ул. Индустриска, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, oпштина Гази Баба;
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-90мм на Булевар Илинден бб кај ресторан Гарден, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Тениското игралиште, општина Центар.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде запрен.
Исто така, истиот ден на 22.07.2025 година во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во село Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за 23.7. и 24.7.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.