Македонија
Казнети 50 возачи во Скопје поради брзо возење
Вчера во Скопје биле преземени мерки и активности од страна на полицијата, при што било констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај исклучени се 20 возачи од кои: тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и четири возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила, од кои три не биле регистрирании едно поради претовар.
Санкционирани се пет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минувње на пешаците на обележан пешачки премин, три возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради некористење заштитен шлем – кцига, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 41 возач поради користење мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

