Македонија
Казнети 624 лица за неносење маска

Полицијата за еден ден казнила 624 лица за неносење маска.
МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (15/16.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 624 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од Влен

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт од „Влен“.
„Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат. Самиот Али Ахмети призна од Липково: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Што покажува ова? Дека ДУИ нема ниту идеи, ниту програма, ниту нови луѓе – туку само страв од уценување“, се вели во соопштението на коалицијата.
Се додава дека ДУИ две децении ги држеше Албанците како заложници со лаги и политички манипулации, а денес е заробена од една верхушка потопена во корупција и паника.
„Сега не одлучуваат повеќе ниту нивното членството, ниту гласачите – ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби.
Тие што некогаш се фалеа дека не се плашат ниту од бомбите од 2001 година, денес се сведени на тоа да им се тресат колената од политичките бомби на Артан Груби“, велат од Влен.
Прашуваат дали Артан Груби е авторот на сценариото за бојкот на локалните избори и со што Артан Груби го држи ова раководство на ДУИ во заложништво.
Македонија
ТАВ Аеродроми го пречека првиот лет на Трансавиа од Амстердам синоќа на скопскиот аеродром

Трансавиа, втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија, со база на аеродромот Шипхол во Амстердам, по речиси повеќе од 12 години повторно ја воведе линијата од Амстердам до Меѓународниот Аеродром Скопје.
Тие ќе летаат на релација Амстердам-Скопје-Амстердам два пати неделно, во четврток и во недела.
Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, вчеравечер, 2-ри март 2025 година во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија Трансавиа, на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам-Скопје-Амстердам.
„Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа; станува збор за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од нај живописните дестинации во Европа, овој лет не само што ќе ги приближи луѓето до светските историски атракции и колекции на голема уметност, туку ќе им овозможи и на туристите да ги искусат неговите живописни пејзажи“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
„Со додавањето на Скопје во нашата мрежа, им нудиме на нашите патници уште повеќе можности за патување во рамките на Европа. Без разлика дали е тоа патување за се види нов град или бизнис-патување, Скопје ќе ве воодушеви. Градот е уникатна дестинација кон ве остава без здив и се наоѓа во убава земја. Многу сме горди што ќе летаме на оваа рута“, изјави Марсел де Нојџер, Главен извршен директор на Трансавиа.
Оваа нова рута од Меѓународниот Аеродром Скопје, која повторно се воведува по повеќе од 12 години, ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и бизнис-цели.
Македонија
„Со што толку криминалецот Сокол ги задолжил СДС и Филипче што не се оградуваат од него“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС неколку молчат и не се оградуваат од криминалецот Филип Андов Сокол кој ги расшетуваше затворениците со државни ресурси. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не го разрешува членот на ЦО и советник на Заев криминалецот Сокол“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол, СДС и Филипче што не се оградуваат од него?
Дали Филипче и СДС го поддржуваат Сокол и штитат криминалци?
Од што се плаши Филипче па молчи?
Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.
Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.
Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.