Македонија
„Како е можно киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче да му поминат пред нос на Спасовски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Тоа што СДС отвора разно разни теми со цел да дефокусираат од трагичната смрт на малата Вања и велешанецот Панче, говори дека сакаат да сокријат пропусти во истрагата кои можеле да го спречат грабнувањето и смртта на девојчето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено Спасовски и МВР со денови молчат и кријат дека возилото на настраданиот велешанец три дена било во Скопје пред кобниот 27 ноември. Тие не кажуваат зошто ова возило не било пријавено со централна објава иако кога било нотирано исчезнувањето на Панче, бил пријавен за исчезнат и неговиот цитроен. Спасовски и МВР молчат и не кажуваат дали е точно дека на 24 ноември возилото е забележано на камерите на Сејф Сити во населбата Маџари во Скопје, а потоа и следниот ден на 25 ноември, три, односно два дена пред да се случи трагичниот настан. Дали ако полицијата реагирала навреме, односно ако истрагата за исчезнувањето на велешанецот Панче се спроведувала соодветно, немало да се случи грабнувањето на Вања?
И на крајот, Спасовски и МВР треба да кажат како е возможно возило на исчезнато лице, возило пријавено во МВР да помине на десетици метри од најобезбедуваниот периметар во Македонија и во регионот во тоа време, непосредно во близина на хотелот Александар Палас. Буквално на Спасовски му поминале пред нос.
Ова се сериозни прашања кои МВР, Спасовски и СДС треба да одговорат. Тие може да фрлаат магла, да дефокусираат, да манипулираат, но јавноста бара одговори и одговорност. Неказнивоста на Палевски и неговата група, поради тоа што полициски структури блиски до СДС го штителе, во комбинација со пропусти и грешки во водењето на истрагата за првото и второто грабнување и убиство, доведоа до ваквата трагедија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.