Македонија
Грковска на Светскиот форум за граѓанско општество: Односот кон граѓанскиот сектор е одраз на демократската зрелост на едно општество
„Граѓанскиот сектор е важен набљудувач на работата на секоја влада и затоа нивната улога е од големо значење за секој демократски систем. Односот на државата, односно на владините институции кон граѓанскиот сектор е одраз на демократската зрелост на едно општество. Ефикасни анти-корупциски мерки можеме да имаме само ако и граѓанскиот сектор е вклучен во нивното креирање, имплементација и контролата на нивното спроведување“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, синоќа на глобалниот Форум за граѓанско општество.
Форумот, кој го обедини невладиниот сектор, но и претставници на влади од целиот свет, е во организација на Стејт Департментот на САД и Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации (УНОДЦ), како пред-настан на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (УНКАК), во Атланта, САД, која почнува со работа од денеска.
Вицепремиерката Грковска учествуваше на панелот кој беше посветен на заштитата и поддршката на граѓанското општество во напорите за справување со корупцијата.
„Справувањето со корупцијата е предизвик, не само за Северна Македонија, не само за Западен Балкан, туку на глобално ниво. Токму затоа, преку креирање на долгорочни и одржливи политики, со вклученост на сите општествени фактори, особено на граѓанскиот сектор, можеме да постигнеме конкретни резултати“, нагласи вицепремиерката Грковска. Таа додаде дека граѓаните во Северна Македонија покажуваат се помалку толеранција кон корупцијата, што е добар сигнал и уште поголема обврска за надлежните да преземат конкретни чекори за справување со корупцијата.
Таа истакна дека граѓанскиот сектор во Северна Македонија има одлична експертиза, особено во делот на корупцијата во јавните набавки, како и за состојбите во правосудството и тоа е од големо значење за креаторите на политиките и за носителите на одлуки. Но, нагласи таа, многу е важно при креирањето на мерките да се имаат предвид конкретните специфики на државата, на институциите, на општеството. Само на тој начин, нагласи таа, може да имаме ефикасни и добро таргетирани мерки.
Вицепремиерката Грковска го претстави и Форумот на Југоисточна Европа на жени лидерки за добро владеење и анти-корупција, кој беше формиран на нејзина иницијатива, а кој претставува платформа за вмрежување на лидерки од регионот кои со својата работа дале значаен придонес во оваа област, но и платформа за поддршка за сите оние кои поради својата бескомпромисност и професионалност биле подложни на непринципиелни напади.
Во своето изглагање, Грковска се осврна и на соработката со младите, како и на кампањата „Зависи од мене и тебе“, што ја реализира нејзиниот Кабинет, а чија главна порака е дека промените во општеството зависат од сите нас.
Покрај вицепремиерката Грковска, на панелот учествуваа и Изабела Кореа, секретар за јавен интегритет на Канцеларијата за генерална контрола од Бразил, Кетакандриана Рафитсон, извршна директорка на Транспаренси Интернешнл, Мадагаскар, како и Пусетсо Морапеди, од Платформата за заштита на укажувачите во Африка.
Денеска, на првиот ден од Конференцијата COSP 10, вицепремиерката Грковска ќе има обраќање на Пленарната сесија на конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК
До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од вкупно запишани 1.069. 029 гласачи.
На овие избирачки места гласале 452.412 гласачи односно 42,32 отсто.
Најголемата излезност за претседателските избори според ДИК, има во Новаци со 66,47 проценти, а најмала излезност има во Липково со 6,48 проценти.
Споредено со вториот круг на претседателските избори во 2019 година, има зголемување на излезноста од 7,19 проценти, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Споредено со првиот круг на претседателските избори 2024 година има зголемување од 0,01 процент, додаде тој.
До 17 часот, појасни Даштевски, пристигнати се податоци за излезност на гласачите за парламентарните избори од 1920 избирачки места. Од вкупно запишани 1.003. 459 гласачи на овие избирачки места гласале 470. 950 односно 46.93 проценти.
Најголемата излезност за парламентарните избори има во Кривогаштани 79.73%, најмала има во Маврово-Ростуше со 22.93 проценти.
Излоезноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: ИЕ 1-53.22%; ИЕ 2-41.83%; ИЕ 3-51.49; ИЕ 4-48.49; ИЕ 5-47.45%; ИЕ 6- 34.71%
Македонија
ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите
До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места.
Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73 %. Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60 %.
„Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.
Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %“, информира комисијата.
Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година, на овие избори има зголемување на излезеноста од 5.66 % .
Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: Изборна единица 1- 42.31 %; Изборна единица 2-36.69 %; Изборна единица 3- 41.02 %; Изборна единица 4-36.88 %; Изборна единица 5- 35.95 % ; Изборна Единица 6-29.14 % .
До овој момент до ДИК биле доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право.
„Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка. Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија. Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик“, појаснуваaт од ДИК.
Македонија
Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК
Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач, потенцираа од Државната изборна комисија.
Според комисијата на секој гласач тие треба да му ја објаснат процедурата на гласање.
Гласачот, како што прецизираа од ДИК, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас.
„Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик, секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор“, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК појаснувајќи дека од терен добиле информации дека дел од избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и подзаконските акти на Комисијата.
Потсети дека комисијата на вчерашна седница на јасен начин покажала кој е начинот на гласање и го презентирала упатството за начинот на гласање и за Парламентарни и за Претседателски избори.
„Од самото упатство, кое исто така, се наоѓа и во самите избирачки места се гледа начинот на кој гласачот треба да гласа, а исто така во тоа упатство е наведено и како гласачот и избирачкиот одбор треба да се однесува“, дополни Шеху.
Откако гласачот ќе се изјасни дали ќе гласа за едни или други избори, или пак и за Претседателските и за Парламентарните избори, тој оди на идентификација со биометрискиот уред, па го зема гласачкото ливче и се потпишува во избирачкиот список. Потоа го зема гласачкото ливче и нормално гласа сам зад параван, појасни.
„Затоа ги замолуваме сите избирачки одбори детално да ги почитуваат законот и сите наши подзаконски акти и да постапуваат врз основа на сите наши напатствија и наши подзаконски акти и согласно закконот“, рече таа.
Ова, како што рече, се однесува на неколку општини, неколку избирачки одбори, кај кои било реагирано.