Македонија
Грковска на конференцијата „Две години хероизам“: Украинците се борат за слобода, но и за врвните принципи на хуманоста, правдата и демократијата
„Украинките и Украинците цели две години му покажуваат на светот колку е скапоцена борбата за слобода и борбата за сите оние вредности, кои само во слобода можат да се негуваат“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во своето обраќање на денешната конференција „Две години хероизам“, во организација на украинската амбасада во земјава, а по повод одбележувањето на двегодишнината од почетокот на руската воена агресија врз Украина.
Грковска нагласи дека борбата, која Украина е принудена да ја води за да ја зачува својата самостојност и територијален интегритет, е и подалекусежна борба, борба за врвните принципи на човечноста, хуманоста, на правото и правдата.
„Ова што се случува на украинско тло е повторување на една стара лекција која човештвото никако да ја научи – дека режим кој убива, и туѓи и свои, за да опстои, режим кој почива на длабока корупција, режим во кој владеат хирови наместо закони и во кој тесните интереси на малкумина имаат предност пред животот на милиони, таков режим неизбежно води кон деструкција и страдање“, истакна таа и дополни дека сето ова е и потсетник за важноста на демократските придобивки и функционалната демократија, како најотпорен браник од опасноста што ја носи акумулацијата на неограничена моќ. Грковска им оддаде признание на украинските власти, што и во воени услови, тие се посветени на имплементирање на политики за добро владеење и борба со корупцијата, како предуслов за градење здраво демократско општество.
Упатувајќи изрази на солидарност со Украина, таа изрази надеж дека набргу ќе дојде денот кога ќе се одбележи крајот на војната и ќе се прослави мирот.
„Се надевам дека што побрзо ќе дојдат и деновите кога, како дел од европското семејство, заеднички ќе ја градиме иднината, во радост, спокој и слободарски дух. Остануваме со вас, не само во нашите мисли и срца, туку и со целата помош и поддршка која можеме да ја дадеме на пријателскиот украински народ за да истрае во борбата за својата земја, слобода, живот“, истакна Грковска на конференцијата „Две години хероизам“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.