Македонија
Калајџиев: Адвокатската комора треба да преиспита какви се тие адвокати што повикуваат на линч

„Адвокатската комора треба да преиспита какви се тие адвокати кои се меѓу првите што газат врз законите и повикуваат на линч“, напиша на својот фејсбук профил профеорот Гордан Калајџиев.
Тој претходно, исто така преку ФБ, реагираше што голем број граѓани, кои, како што вели, иако се работи за големо злосторство, истураат јавно големи количини на бес и гнев и многу лоши зборови за оомничените за убиството на Вања.
„Колку и да е страшен злочинот, ништо помалку загрижувачки не се реакциите на власта и на јавноста; не сум знаел колку многу сурови луѓе има во нашата близина на кои тагата им е само изговор за стравот, бесот и крволочноста што ја истураат наоколу. Живееме во некоја модерна форма на примитивна заедница на цивилизациското ниво кое нема разбирање за устав и закони и после не не примале во Европа…“, нaпиша Калајџиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.