Македонија
Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница
Денеска е повреден 45-годишен турист од Полска. Бил удрен од еден камен од одронот кај Матка, по што веднаш, со Итна медицинска помош е префрлен на скопските клиники.
На линијата за итни случи 112 денеска во ЦУК добиле пријавата за одрон на патот кај Матка. Секторот за операции и координација на ЦУК спровел акција за згрижување повреден турист од Полска и за преземање мерки за безбедност, бидејќи имало опасност од други одрони, а и за расчистување на одронот во тој локалитет. Повредениот 45-годишен турист од Полска веднаш со Итна медицинска помош е префрлен на скопските клиники.
„ЦУК го извести раководителот на ЈП „Улици и Патишта“ на Град Скопје за нивна интервенција за расчистување на теренот. Одговорот беше дека надлежност за тој пат има Македонија Пат и самата Општина Сарај под кои субјекти се наоѓа дадениот локалитет“, велат од ЦУК.
По остварените комуникации, ЦУК добиле одговор од Македонија Пат дека според дадените координати тој пат не е под нивна надлежност туку под надлежност на Општина Сарај.
Телефонски контакт е остварен и со комуналниот инспектор на Општина Сарај на кој му е пренесена информацијата за надлежностите, поточно дека ниту ЈП „Улици и Патишта“, ниту Македонија Пат имаат надлежност за негово расчистување и дека тој пат е под ингеренција на Општината. На лице место имало и припадници од полицијата.
Од нивна страна и од страна на Општина Сарај ќе биде направен записник за утврдување на фактичка состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

