Контакт

Македонија

Кампања за правилно одлагање на кабастиот отпад во општина Карпош

Објавено пред

Директорот на  ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, и градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев, денеска во Центарот за селекција на отпадот во Карпош ги промовираа планираните активности што ќе се одвиваат во рамките на кампањата за правилно постапување со кабастиот отпад на територијата на оваа скопска општина.

dobivaj vesti na viber

Тие ги информираа граѓаните дека кабастиот отпад, во којшто спаѓа стариот мебел, електронската и електричната опрема, не смее да се одлага на јавни површини, како и за можноста овој вид  отпад да се одложи во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

„Нашата соработка со општината Карпош претставува само дел од кампањата што ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје ја започна за подигнување на јавната свест за важноста и значењето на правилното одлагање на отпадот. Во оваа пригода им се заблагодаруваме на сите јавни личности што прифатија да учествуваат во нашата кампања и да ја пренесат пораката до граѓаните дека секое несовесно и неправилно одлагање отпад на јавни површини резултира со создавање диви депонии што ја загадуваат животната средина. Ги поттикнуваме жителите на Карпош да ја користат можноста за бесплатно одлагање на кабастиот отпад во овој центар што се наоѓа токму во нивната општина и на тој начин да придонесат за одржување на чиста и здрава околина“ – изјави директорот на  ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Македонија

(Видео) Зајкова: Уште колку жени ќе убие молкот?

Објавено пред

„Росица, Кате, Марија. Жени кои претходно барале помош. Жени чии пријави останале без соодветна реакција. Жени кои денес ги нема. Прашањето е едноставно и болно: Колку жени уби молкот?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

dobivaj vesti na viber

Ова не се изолирани случаи, вели Зајкова и дополнува дека ова е образец на институционално непостапување и систем што реагира по трагедија, наместо по пријава.

„Кога постојат пријави за насилство, а нема навремена и ефикасна реакција, одговорноста не може да биде апстрактна. Затоа официјално ќе поднесам барање за отворање надзорна расправа во Собранието за институционалното непостапување во случаи на пријавено семејно насилство. Јавноста има право да знае зошто институциите молчеле, кој не постапил и дали биле преземени сите законски мерки за заштита“, вели во својата изјава Зајкова.

Претседателката на ЛДП потенцира дека дополнително, повторно ќе го достави Законот за воведување електронска нараквица за следење на сторителите на семејно и родово базирано насилство.

„Овој механизам не е политичко прашање, туку прашање на безбедност и превенција. Одбивањето без аргументи значи преземање ризик за нови трагедии. Ќе побарам и: воведување задолжителна процена на ризик во сите пријавени случаи, итни и привремени заштитни мерки без бирократски одлагања и утврдување лична одговорност таму каде што имало институционален пропуст“, вели Зајкова.

Животот на жените не смее да зависи од административна проценка или одложена постапка. Институциите постојат за да штитат, не за да молчат.

„Ова прашање нема да остане на едно обраќање. Ќе следуваат конкретни иницијативи, законски предлози и парламентарен притисок сè додека системот не почне да функционира како што му налага законот – навремено, одговорно и во интерес на заштитата на жртвите“, заклучува претседателката Зајкова во својата изјава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Националната мрежа против насилство врз жените: Црвено знаме за целиот систем, целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување

Објавено пред

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара, како што нагласуваат, итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка.

dobivaj vesti na viber

„Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано во надлежните институции. Доколку се потврди дека институциите имале сознанија, а не презеле соодветни мерки за заштита, бараме со име и презиме да се утврди одговорност кај сите службени лица – од Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции. Оваа трагедија не е изолиран случај. Само во 2026 година веќе се изгубени четири животи како последица на родово базирано и семејно насилство. Според податоците на Еуростат за 2023 година, Северна Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на фемициди во Европа што е алармантен показател дека системот за заштита не функционира ефикасно“.

Според нив, ова не се изолирани инциденти туку образец.

„Образец на недоволна превенција, задоцнети институционални реакции, слаба проценка на ризик и недоволна заштита на жртвите. Наместо системот да обезбедува навремена заштита, третман и санкционирање на сторителите, сведочиме на пропусти што ја одржуваат и продлабочуваат културата на неказнивост. Законите постојат, но нивната примена е недоследна и недоволна. Поради тоа жртвите остануваат без соодветна поддршка и заштита, додека насилниците продолжуваат неказнето да ги загрозуваат нивните животи“.

Бараат целосна и транспарентна истрага за постапувањето на сите институции во случајот во Тафталиџе, вклучително и проверка дали постоеле пријави/сознанија и какви мерки биле (или не биле) преземени;

„Суспензија на сите службени лица вклучени во постапување, се до завршување на истрагата

Утврдување индивидуална одговорност за секое службено лице кое не постапило согласно законските обврски;

Соодветни санкции, вклучително и кривична одговорност и затворски казни за службени лица од МВР, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции каде што ќе се утврди дека морале, а не презеле мерки за заштита и/или дека пропустот придонел за фатален исход;

Најстроги казни за сторителот на насилство;

Итна ревизија на проценките на ризик и механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, како и на практиките за форензичко постапување и истраги во случаи на сомнителна смрт“.

Потенцираат дека животот на жените и децата не смее да зависи од тоа дали системот ќе ја препознае опасноста дури откако трагедијата веќе се случила.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Објавено пред

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го загубија животот во трагичниот настан.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството информираат дека, согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, веднаш бил извршен вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување на институцијата.

Според првичните информации од инспекторите, починатата заедно со сопругот за првпат била евидентирана во Центарот на 7 октомври 2025 година, по барање на Основниот граѓански суд во врска со постапка за развод на брак.

Во однос на пријавено насилство, од Министерството наведуваат дека допис од Министерството за внатрешни работи бил примен и заведен во Центарот на 2 февруари 2026 година, а се однесувал на настан од 19 декември 2025 година, за сторен прекршок против јавниот ред и мир, односно физички напад на сопругот врз сопругата.

„Министерството има јасен и недвосмислен став: секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено, а одговорност мора да има согласно закон“, се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет и дека нема да дозволат институционални слабости да останат неадресирани.

Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството најавува дека транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки, како и дека будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија33 минути

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија57 минути

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија3 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија3 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет5 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет5 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет5 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет6 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет6 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет6 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет7 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија15 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија16 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ17 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија19 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија21 час

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија21 час

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија24 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...