Македонија
Кампањи за безбедност во сообраќајот во Охрид
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на националниот проект за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“, ги реализира кампањите „Безбедно вози – без алкохол вози“ и „Мобилниот не е попаметен од тебе“.

Се работи за сообраќајно превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, патнички и други моторни возила со цел издигнување на сообраќајно-безбедносната култура кај оваа категорија учесници во сообраќајот, јакнење на совеста за одговорно учество во сообраќајот, а посебно кај ранливата категорија, како и севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Во рамките на кампањата се делеа едукативни материјали со пригодни совети за безбедно управување на возилата и мотоциклите, носење заштитен шлем-кацига со посебен акцент на неопходноста од неконсумирање алкохол како посебен ризик-фактор што ги намалува возачките вештини при учеството во сообраќајот. Посебно внимание се стави и на исклучителната штетност од користење мобилни телефони за време на управување со возила и мотоцикли, што е причина број еден за одвлекување на вниманието кај возачите и причина за сообраќајни незгоди.
Националната кампања „Го сакам градот безбеден“ во Охрид завршува утре со големо мото-дефиле „Носам кацига-легално е“ во која ќе учествуват членови на мото-клубовите од Охрид и заинтересирани граѓани мото-рекреативци. Упатуваме отворена покана до сите нив да се приклучат во мото-дефилето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

