Контакт

Македонија

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Објавено пред

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон Бојан Јовановски и Катица Јанева, прстот го впери и кон други лица, меѓу кои обвинителката на СЈО Лиле Стефанова и братот на судијката Весна Димишкова, адвокатот Васил Димишков.

dobivaj vesti na viber

„Не треба да се само овие двајца обвинети, треба да има и други“, рече тој.

На моменти зборуваше смирено, а на моменти беше нервозен. Бојан Јовановски во текот на сведочењето постојано го гледа во очи, на моменти се смее, додека ексшефицата на СЈО, обвинетата Катица Јанева, гледа во документите пред себе.

Камчев рече дека во август 2018 за првпат слушнал дека против него се води истрага и дека е под ПИ-мерки, кога адвокатот Васил Димишков побарал да се сретне со него на јавно место.

„Ми рече да му дадам 100.000 евра за да направиме договор и дека може да влијае да има поблаги мерки. Ако ми дадат притвор, тој да издејствува куќен притвор, фактички ми даде цела скала која мерка колку ќе чини, како да сме на пазар“, рече Камчев.

Во овој „дил“ имало и посредник – директор на позната банка, чие име Камчев не го кажа. Преку истиот директор, Камчев ја одбил понудата на Димишков.

Потоа, следувале контактите со Бојан Јовановски – Боки 13. Тој прво барал реклама за телевизијата, а потоа, заедно со Зоран Милески – Кичеец му доставил и две понуди. Едната за проект за фешнмолови, а втората за старечки домови.

„Јас го погледнав зачудено и му кажав дека со молови не работам. Тогаш тој ја сврте последната страница од договорот и ми рече, ама види кој е потпишан тука, Лазар Јанев, синот на Катица Јанева. Јас реков, е добро де, ништо не ми значи тоа, и преку Милески ја одбив понудата“, рече Камчев.

За проектот со изградбата на старечки домови Боки 13, според Камчев, му барал 4 милиони евра за лиценцата.

„Кога направивме пресметка, сфатив дека со тој проект јас ќе бидам во загуба 10 милиони евра и го одбив. Тогаш Милески ми се јави и рече дека Боки е многу лут, дека е моќен, има телевизија, може да ме плука и дека е најдобро да платам за реклама“, рече сведокот Камчев.

Тој вели дека за реклами на „1ТВ“ платил 170 илјади евра, преку 2 фактури, едната од „Систина“, а втората од „Орка холдинг“.

Но, според Камчев, ова не било доволно, па тој завршува во притвор за случајот „Империја“. Тогаш, рече тој, дека „сè му станало јасно“.

„Вршеа жестока тортура врз моите компании, нотар не можеше да ми влезе. Сето тоа беше притисок смислен од Боки 13, реализиран од Лиле Стефанова, по наредба од Катица Јанева“, рече тој.

Камчев зборуваше и во името на својата сопруга Ана, за која рече дека имала неколку средби со Боки 13 и Зоран Милески, кои ѝ барале пари за тој да излезе од притвор.

„Во населбата Орман во декември Бојан организирал состанок и ја викнал Ана… И во станот била Катица. Катица ѝ упатила директна закана дека ќе отвори уште 3-4 предмети против мене ако не платиме. Откако Ана излегла од станот, на вратата чекал нов клиент – Дејан Панделески, исто како на пазар!“, рече тој.

БОЖЕ, БОЖЕ, ЗАР БОКИ 13 ГО УПРАВУВА СЈО?

Тој рече дека предмет на рекет бил и сега неговиот покоен другар, ексдиректорот на „Телеком“ Жарко Луковски, кој лично му кажал дека платил околу 450 илјади евра за да не биде осомничен.

„И ‘Тинекс’ и Дејан Пелистерка, сите платија, ама не се одважија да кажат. Јас решив дека морам да ја прифатам играта и да платам. Немав на кого да пријавам рекет. На кого? На обвинителката? На истражната судијка? Сите беа вмешани, како хиени околу вас“, рече тој.

Камчев рече дека првично му биле барани 8 милиони евра, доколку Катица Јанева го работи предметот против него, а 5 милиони евра доколку го работи Вилма Русковска. Кога прашал зошто толкава разлика во цената, му било кажано дека „ако го работи Вилма, ќе гледаат да уништат некои докази“.

„Тогаш си реков, Боже, Боже, зар Боки 13 го управува СЈО?!“, рече Камчев пред судот.

Тој директно ја посочи Јанева, дека во просториите на СЈО, додека тој бил со својот адвокат Антонио Апостолски, во собата за сведоци му се обратила со зборовите – „она што го договараш со Бојан, да го завршиш“.

Камчев вели дека тогаш одлучил да им даде 1,5 милиони евра. Ги спакувал во чанта „Луј Витон“ и го викнал Бојан Јовановски.

„Тој па беше и лут зашто сум ставал и банкноти по 50 евра, немал што да им прави. Му реков дека ставав по 50 евра за да не му се нагмечи чантата, да биде пополна“, иронично рече Камчев.

Во тој период, тој веќе одлучил да снима сè и за истото бил известен директорот на УБК.

КОГА МУ КАЖАВ НА ЗАЕВ, ТОЈ БЕШЕ ВЧУДОВИДЕН

Откако му ги дал парите на Боки 13, Камчев, според сведочењето, му се јавил на премиерот Зоран Заев и отишол на средба, со сите снимки што ги поседува.

„Морав да пријавам. Му се јавив на Заев, човекот беше вчудовиден. Ми рече, дај ми неколку дена. Потоа имавме уште една средба и ми рече сè што имам да однесам кај обвинителката Вилма Русковска“, рече тој.

Македонија

(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија

Објавено пред

Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

dobivaj vesti na viber

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица обвинува за злоупотреби со земјоделски субвенции во Кавадарци

Објавено пред

Поранешниот началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кавадарци, Митко Керов, член на СДСМ, со години злоупотребувал лични податоци на граѓани за незаконско осигурување на земјоделски поседи и прибирање државни субвенции, обвинија денеска од ПП Левица.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, Керов во соработка со осигурителни компании осигурувал поседи во сопственост на граѓани, најчесто возрасни лица кои не користат електронски услуги на Министерството, без нивно знаење и без нивно присуство при склучување договори.

„Таргет на поранешниот началник биле возрасни граѓани кои вообичаено не пристапуваат на софтверите за услугите на Министерството, со што тие воопшто не би дознале дека нивните поседи се осигурани“, велат од Левица.

Од партијата наведуваат дека Керов ги осигурувал поседите, аплицирал за субвенции за покривање на осигурителните премии и од тие средства добивал лична корист, а за граѓаните станало јасно што се случува дури откако нивните поседи биле оштетени од мраз во изминатите неколку сезони.

„Земјоделците, при аплицирање за обештетување преку јавните повици во општините, биле одбиени со образложение дека нивните поседи се веќе осигурани, иако тие никогаш самите не аплицирале“, посочуваат од Левица.

Според наводите, во обид да ја прикрие ситуацијата, Керов преку физичко лице – неговиот татко И. Керов – уплаќал симболични суми на сметките на дел од оштетените земјоделци, со опис на дознаката „Штета за 2024 година“.

„Очигледна е ноторната злоупотреба на службената положба и овластување, како и злоупотреба на државни средства за субвенционирање“, нагласуваат од партијата.

Од Левица дополнително обвинуваат дека за случајот биле информирани структури од ДПМНЕ, но наместо да постапат, свесно молчеле и вршеле притисок скандалот да не излезе во јавност.

„Наместо институционална реакција, се прават обиди за релативизирање и заташкување на случајот, со цел да не се отвори поширока истрага која би ја разоткрила целата мрежа на корупција“, велат од Левица.

Партијата го повикува Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери сметките на членовите на семејството Керови, сопствениците на осигураните поседи, како и да ги испита наводите од граѓани од Кавадарци и Росоман.

„Доколку има потреба, истрагата треба да се прошири и во други локални самоуправи и да се преземат соодветни мерки“, порачуваат од Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

ССМ повикува на масовен протест за плати: „Ова е борба за достоинството на работниците“

Објавено пред

Сојузот на синдикатите на Македонија најави масовен работнички протест што ќе се одржи на 28 јануари во 17 часот во Скопје, со главно барање зголемување на работничките плати и покачување на минималната плата на 600 евра. Протестот ќе започне пред Работничкиот дом, а потоа ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

dobivaj vesti na viber

Во отворено писмо до работниците, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порачува дека протестот не е прашање на избор или удобност, туку егзистенцијална борба.

„Овој протест не е за ‘ако имаш време ќе дојдеш’, туку за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први. А кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно“, наведува Трендафилов.

Тој обвинува дека работниците се потценети и од работодавачите и од власта, при што едните профитираат од ниски плати, а другите ја користат економската несигурност за политичка контрола.

„На газдите им е важно со ниски плати да им го создавате капиталот, а на властите со ниски плати да ве владеат – сиромашен, но послушен народ“, се наведува во писмото.

Според ССМ, над 200 илјади работници во државата земаат плата под 31.200 денари, што е под прагот на сиромаштија, додека функционерите добиваат значителни покачувања.

„Неправдата е во тоа што за нив има зголемувања од 250 евра и 78 проценти, а за работниците – ништо. Истите тие на кои им ја давате моќта и платата, не водат грижа за вас и вашите семејства“, посочува Трендафилов.

Во писмото се предупредува и на, како што се наведува, обидите работниците да бидат заменети со поевтина работна сила од странство, како и на непочитувањето на колективните договори, поради што дел од вработените се принудени правдата да ја бараат на суд.

„Тие мислат дека не ви треба зголемување на платата затоа што не барате. Ако молчите, тие мислат дека ви е доста“, се наведува во пораката.

Трендафилов потенцира дека протестот е и за оние кои се плашат да излезат јавно, но и за сите граѓани, бидејќи зголемувањето на платите ќе значи и зголемување на пензиите.

„Господата ви личат големи затоа што им клечите. Станете со нас и ќе видите колку се всушност мали“, порачува тој.

ССМ информира дека протестот ќе се одржи по работно време за да можат да присуствуваат што поголем број работници, а ќе биде обезбеден и коридор за итни случаи.

„Јас и луѓето што ги знам ќе бидеме таму. Можеби сами не можеме да промениме многу, но заедно можеме да промениме сè. Овој протест е само почеток“, порачува Трендафилов.

Главното барање на протестот е зголемување на платите за најмалку 6.000 денари преку покачување на минималната плата на 600 евра.

„Изговор да не протестираат за плата може да имаат само газдите и избраните и именуваните. Време е“, завршува Трендафилов.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ6 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ6 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет8 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет8 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија13 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија13 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија14 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија14 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ1 ден

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет1 ден

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија2 дена

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет2 дена

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 дена

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...