Македонија
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Арсовска, без маска на состанок со Занаетчиската комора
Данела Арсовска, кандидатката за градоначалничка на Скопје и сегашна претседателка на Сојузот на стопанските комори, на „Фејсбук“ објави фотографија од состанокот со претставниците на Занаетчиската комора, на која се гледа дека разговараат без маски, а не внимаваат ниту на дистанцата. Арсовска фотографијата од состанокот ја објави вчера.
Во сила сè уште се мерки што пропишуваат задолжително носење маска во затворени простории, но од објавената фотографија се гледа дека на состанокот никој не носи маска. Маските, на фотографијата, стојат на масата пред учесниците на состанокот.
За слична објава на прекршување на протоколите во јануари годинава функционери од ДУИ добија казна од 20 евра за неносење маска и кривична пријава кога на социјалните мрежи објавија фотографија на која се гледа дека во просториите на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците слават роденден на лидерот Али Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

