Македонија
(Видео) Канческа-Милевска: Ќе имаме координација за законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ

Ексминистерката за култура и актуелна пратеничка во Собранието, Елизабета Канческа Милевска, изјави дека денеска во законодавниот дом ќе имаат координација за законот за амнестија, поднесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, по што новоформираната пратеничка група ќе одлучи дали ќе го поддржи законот.
Во однос на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски, Канческа не се изјасни дали ќе гласа за негово одземање.
Новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, претходно изјави дека ќе настапуваат како една пратеничка група зашто, како што нагласи, постоењето на повеќе групи не наишло на она што очекувале. Тој нагласи дека наишле на непочитување на деловникот и недавање можност да се искаже сето она што требало.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.