Македонија
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Советот на јавните обвинители на денешната презакжана седница, меѓу другото, треба да расправа за претставката на судијата Владимир Панчевски за претресите во неговиот дом во истрагата на специјалното јавно обвинителство. „Макфакс“ дознава дека претставката што е ставена на дневен ред се однесува на постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска.
Панчевски ја оспори наредбата за претрес од септември 2017 година издадена од гевгелискиот суд и тврдеше дека стварната надлежност за постапување против него ја има Основниот суд Скопје 1, а не судот во Гевгелија.
Постапувајќи по три кривични пријави, кои Панчевски ги поднесе против десет службени лица, надлежен обвинител oд скопското Обвинителство оцени дека во дејствата на пријавените нема битни елементи на кривични дела, ниту на други дела што се гонат по службена должност и ги отфрли пријавите.
Во соопштението беше наведено дека со оглед на тоа дека Панчевски е судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје, а поради висок ризик од нарушување на тајноста на дејството и на предистражната постапка, барањето за издавање наредба било поднесено до гевгелискиот суд, што е во согласност со воспоставената практика на Европскиот суд за човекови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

