Македонија
Кацарска на средба со амбасадорката Дрекслер: Правната држава е основна тема за пристапните преговори со ЕУ
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.
На средбата стана збор за актуелната состојба со пополнетоста на судиските места, се дискутираше за напредокот кој го направи Уставниот суд во изминатите три години во полето на транспарентноста, ажурното решавање на предмети и покрај фактот што Судот речиси 17 месеци работеше на раб на кворум, а останатиот период функционираше без една третина од судиите.
Кацарска информираше дека во Уставниот суд значително е намален просекот на времетраење на постапките, од девет месеци, на шест месеци, а согласно последните статистички податоци, постапките во Уставниот суд се решаваат во просек за помалку од 3 месеци. Од аспект на надградба на капацитетите на Уставниот суд, истакнато е дека со сопствени финансии Судот реализираше крупни капитални инвестиции во последните две години со акцент на опремувањето на сервер салата, безбедносни врати, просторија за класифицирани информации.
Амбасадорката Дрекслер констатираше дека СР Германија досега дала поддршка за потребите на Уставниот суд преку германската фондација ИРЗ и најави дека и во периодот кој следува ќе останат истите заложби за заедничка соработка.
Амбасадорката ја поддржува важната улога на уставните судови за обезбедување на владеење на правото.
„Правната држава е основна тема за пристапните преговори со ЕУ. Од тие причини, работата на Уставниот суд е аспект кој се зема предвид во Извештајот за напредок на земјата од страна на Европската Комисија за Северна Македонија”, нагласи Дрекслер.
Амбасадорката ги поздрави напорите на претседателката за ефикасност и за зајакнување на безбедносните аспекти внатре во Уставниот суд.
Средбата се одржа на 1 февруари 2024 година во просториите на Уставниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

