Македонија
Кацарска, сепак, ќе ѝ суди на Јанкулоска

Судијката Добрила Кацарска, сепак, ќе ѝ суди на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра.
Претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на адвокатот на Јанкулоска Боро Тасевски, судијката Кацарска да биде изземена од овој предмет. Обвинетата бараше Кацарска да биде тргната од предметот затоа што, како што навела во барањето, ја понижила и ја дискриминирала по однос на пол и политичка припадност.
„Во мислењето на Комисијата се наведува дека судот не ѝ го признал правото на бременост и во период од еден месец закажал осум рочишта во услови кога Гордана Јнакулоска била во 9. месец од бременоста и дека судечкиот совет не ѝ ги признал лекарските потврди кои потврдувале ризична бременост и наредил преглед на Клиниката за гинекологија и акушерство за време на којшто медиумите ја нарушиле нејзината приватност“, се наведува во барањето за изземање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот од СДС на Крива Паланка, Митовски кривично да одговара за лагите со водата

Градоначалникот на Крива Паланка, секојдневно минатава недела ширеше паника меѓу сожителите и јавно говореше невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС продолжува да биде промотор на лажни вести и тие се оние кои бараат селективна правда.
Откако јавно Државниот инспекторат за животна средина утврди дека цијанид во водите на Крива река нема, СДС продолжи со своите лажни вести да обвинува кој стигне, но не погледнува во својот двор.
Градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС, Сашко Митовски, кој велеше дека за 100 пати над дозволеното имало цијанид во водите на Крива река, излезе дека излажал. За овие изнесени лаги и ширење на паника меѓу сограѓаните, кривично се одговара.
Иако бил свесен за изнесените лаги, Митовски за политички поени во пресрет на локалните избори, свесно ширел паника меѓу своите сограѓани во Крива Паланка.
Ги повикуваме надлежните институции да го проследат овој однос на Митовски и да реагираат.
За крај, да ја потсетиме јавноста дека цијанид над дозволената граница во Крива река, нема“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси

Регионалната соработка е клучна за забрзување на евроинтеграциските процеси е пораката од вчерашното обраќање на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дводневната панел-дискусија на тема “Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија”, која што се одржува во Белград.
Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања Трајков, истакна дека со Србија негуваме пријателски односи и взаемно почитување на правата на заедниците, со што се овозможува понатамошно продлабочување на традиционалното пријателство со нашиот северен сосед.
Заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека земјите од регионот немаат друга опција освен да продолжат да се движат по европскиот пат кој ќе овозможи просперитет и благосостојба за сите, а ќе отвори и можности за младите луѓе да останат во своите родни земји.
Реализацијата на европските проекти посебно во прекуграничната соработка, како што потенцираше заменик-министерката Трајков, ќе помогне во спроведувањето на реформските процеси со што ќе се подобрат состојбите во сите сфери, а тоа ќе овозможи подобар живот за граѓаните.
Панел-дискусијата е во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.
Македонија
Семејствата на починатите во кочанската дискотека денеска излегуваат на протест

Семејствата на починатите во кочанската дискотека организираат „Марш за ангелите“.
Протестот ќе се одржи денеска во 12:05 часот.
Маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани, ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица и ќе завршат пред Судот.
„Маршот на семејствата на покојните не е за поддршка на обезбедувањето, единствено и исклучиво за почит спрема покојните и барање на правда“, стои во известувањето.