Македонија
Керим за „Макфакс“: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Срѓан Керим по објавата дека е недостапен за СЈО, за „Макфакс“ одговори дека бил достапен за сите, па и за специјалното јавно обвинителство. „Јас сум достапен за сите, па и за СЈО, а каде ќе одам и што ќе правам е моја приватна работа“, рече Керим. „Ниту сум под истрага ниту сум цел на прогон“, вели Керим. Тој кажа дека информациите ги смета како хајка намерно насочена кон него за да се дискредитира лично.
Тој, како што рече, ги демантира информациите дека СЈО не може да го добие и дека пред два дена контактирал со специјалното јавно обвинителство. Но, од таму за „Макфакс“ уште еднаш ја потврдија информацијата дека ексидректорот на МПМ подолг период е недостапен и куририте не можеле го најдат на неговата адреса. „Макфакс“ објави дека првите луѓе на МПМ, Срѓан Керим и Јана Станисављева, се недостпани за органите на прогонот. Од СЈО рекоа дека нивната курирска служба се обидува да им врачи покани за да дојдат на дополнителни разговори за случајот со стечајот на МПМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.