Македонија
Кирил Лазаров: Рекетарите и нивното дувло за криминал
Сопственикот на НИКОБ, Кирил Лазаров објави статус на својот фејсбук профил.
“Денеска сме сведоци за два интезивни настани, една судска пресуда и една коалициска пресуда, но имаат еден заеднички именител, ВМРО РЕКЕТ ДПМНЕ.
Константен рекет на една мафијашка матрица (исклучок се големиот број чесни членови) без разлика дали се на власт или опозиција, пристапот, стилот и политичкото битисување на оваа партија се заоснова само на рекет, закани и уцени.
Јавното обвинителство треба да отвори истрага по допрен глас за изјавата на Стефчо Јакимовски, градоначалник на Карпош дека стопанственици се рекетирани од Христијан Мицковски. Шемата е иста, и таа е ГРУЈОВА, во спротивно ако нема кеш во плико, закана за одмазда кога ќе се дошло на власт. Кое политичко дно, која деструкција и насилство е концентрирано во врвот на ВМРО ДПМНЕ.
И, јас сум стопанственик кој дирекно и индирекно ми се вршени закани од политичката партија ВМРО ДПМНЕ, со констатна медиумска хајка кон мене и фирмата НИКОБ која е 25 години на пазарот, со најголем број на клиенти и најголем број на вработени со домашен капитал. Ако се дрзнале кон мене и мојот крупен капитал, се дрзнале кон сите останати.
Јавна тајна е дека сите градоначалници на ВМРО ДПМНЕ имаат добиено насока никој да не соработува со фирмата НИКОБ, само затоа што НИКОБ ги спушти цените на ПЦР тестовите и им го намали профитот на лаборатории кои се во роднински врски со врвот на ДПМНЕ.
Јавно го повикувам Мицковски да престане да ми се заканува, никој не му се плаши, и никој не му е крив што можеби сакал да се омрси од Делчевските кримоси кое го опљачкаа и ЕВН.
Засега толку за рекетарите, а сега за нивното дувло или бела палата. Конечно правдата која истата важеше и за Зеќири да важи и за нив. Да се одземе тој центар на криминал, граден на криминален начин со рекетарска шема кон газдата на Бетон АД Скопје. А, извршителите да внимаваат да не ги изнесат скапите лустери, оти нив им лепи раката за се и сешто” , напиша Лазаров.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

