Македонија
Кирил Џајковски и Архангел в сабота во парк на прославата за поканата од НАТО
Кирил Џајковски, Архангел и Quepurdat ќе ги забавуваат скопјани во парк по повод прославата што ќе ја организира Владата за поканата за членство на Македонија во НАТО.
Прославата, како што најави премиерот Зоран Заев од Брисел, ќе биде на 14 јули во 15 града низ Македонија.
Во продолжение е целата програма
Скопје, почеток во 21 часот со: Кирил Џајковски, Архангел и Quepurdat
Битола, почеток во 21 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан
Велес, почеток во 21 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар
Гевгелија, почеток во 21 часот со: Бени и „Нон стоп“ + Златко Ориѓански, Ерик Фокс
Гостивар, почеток во 21 часот со: Феки Ферис, Ареа
Кавадарци, почеток во 21 часот со: Кристина Арнаудова, „Нокаут“
Кичево, почеток во 21 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски
Кочани, почеток во 21 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion
Куманово, почеток во 21 часот со Мухамед Ибрахими, „Шутка Рома рап“, „ПМЏ колектив“, „Фолтин“
Охрид, почеток во 18 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски
Прилеп, почеток во 20 часот со: „5 плус бенд“
Струга, почеток во 21 часот со: „Бла, бла, бла“, САФ, Маци Стојановиќ
Струмица, почеток во 21 часот со: „Чалгија саунд систем“, „Љубојна“
Тетово, почеток во 18 часот со: Биг Мама, „Хај контрол“, Шпат Касапи, Дани Димитровска
Штип, почеток 21 часот со: Елена Ристовска, ДНК
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На Попова Шапка има снежна покривка од 83 сантиметри
Најстудено утрово е во Прилеп со измерени 3 степени под нулата. Минусни температури има и во Крива Паланка, Берово и Mаврови Анови (-2 степена), и -1 степен на Попова Шапка и во Битола.
Како што соопшти УХМР, 0 степени се измерени во Тетово, Штип, Kрушево и Претор, 1 во Скопје – Петровец Охрид, Кавадарци и Виница, 2 степена во Скопје Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, 4 во Струмица и 8 степени во Гевгелија.
На Попова Шапка има снежна покривка од 83 сантиметри.
Според прогнозата на УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност или појава на магла. Во текот на денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Во Скопје претпладне ќе има ниска облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Македонија
Бегај од Скопје се сели во Тетово, Гостивар и Дебар, улиците ќе бидат затворени
Во Тетово, Гостивар и Дебар денеска ќе има посебен сообраќаен режим поради престојот на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој ја завршува тридневната официјална посета на земјава.
Општина Тетово и СВР Тетово информираат дека денеска во градот ќе има привремени безбедносни мерки, посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање на повеќе улици по повод посетата на претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај на Тетово.
Општина Тетово препорачува возила да не се паркираат на булевар „Маршал Тито“ од почетокот до кружниот тек кај пазарот со булевар „Благоја Тоска“, на булевар „Благоја Тоска“ од кружниот тек со булевар „Маршал Тито“ до зградата на Општина Тетово, на улица „ЈНА“ („Дервиш Цара“) во целост, до семафорите, на улица „Илинденска“ од Основен суд до Универзитетот на Југоисточна Европа, на улица „Киро Ристоски-Дрнц до Арабати Баба Теќе, на улица „ВонВардарска“ и на улица „172“.
-Возилата паркирани спротивно на известувањето ќе бидат отстранети од страна на службите, наведуваат од Општина Тетово.
СВР Тетово апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
-Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедноста на патниот сообраќај Гостивар при СВР Тетово ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Тетово и Гостивар, посочија од СВР Тетово.
Согласно агендата, претседателот Бегај ќе ја посети Општина Тетово, ООУ „Лирија“, Шарената џамија и Арабати Баба Теќе.
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој е во тридневна официјална посета на земјава, по посетата на општина Гостивар, престојот ќе го заокружи со посета на Дебар, во попладевните часови, од каде преку граничниот премин Блато ќе замине за Албанија.
По тој повод од ОВР Дебар соопштија дека попландево во сила ќе биде посебен сообраќаен режим со цел непречено движење на возилата од делегацијата и непречено одвивање на предвидените активности.
-За таа цел, полициски службеници од ОВР Дебар и СВР Охрид, ќе вршат физичко обезбедување на трасата на движење како и на објектите каде се предвидени работни средби. Мерките стартуваат утре, 28 февуари од 12 часот и ќе траат до 19 часот, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секорот за внатрешни работи -Охрид.
Дообјаснува дека посебниот сообраќаен режим ќе се спроведува со повремено затворање за сообраќај на регионалниот пат Р-1202, од Бошков мост до Дебар, улиците „Елена Ѓика“ од АД „Кнауф“ до кружен тек „Енѓи“, улиците „Иса Болетини“, „Јусуф Грвала“ и регионалниот пат Р-1201 до улиците „Мојси Големи“, „Амди Леши“, Јосиф Багери и регионалниот пат 1202 Дебар- граничен премин Блато.
-Апелираме до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот, да се придржуваат до насоките на полициските службеници кои ќе вршат обезбедување и на исклучивост во користењето на своите моторни возила во овој временски период, посочува Димоски.
Според Општна Дебар, Бегај ќе се сретне со градоначалникот, Фисник Меља, но не се предвидени изјави.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера со државни и воени почести го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај.
Македонија
Орце во ноќен увид на улиците кои се реконструираат низ Скопје, вели се работи и дење и ноќе
Во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град, објави вчера вечерта градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
-Делата говорат. Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно и одговорно – објави на Фејсбук Ѓорѓиевски.

Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите. Во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација.
– Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица. За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се очигледни. Не ветивме чуда, туку работа. И работиме – објави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски, вели дека ова е само почеток и најавува дека следува најголемата инфраструктурна обнова досега.
– Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје. Затоа што секој заслужува исти услови, исти шанси и ист квалитет на живот.
Мојот народ го заслужува најдоброто – објави Ѓорѓиевски.

