Македонија
Клиника по современи стандарди за штипјани, Владата ја засилува динамиката за завршување на изградбата

Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.
Целта е, граѓаните на Штип и вработените да добијат во најскоро време клиничка болница по современи стандарди, посебно што во Клиничката болница работи, како што е соопштено од Министерството за здравство, високо стручен медицински кадар и во болницата се лекуваат граѓани и од поширокиот источен регион.
За таа цел се активираат процедури, што ќе овозможат завршувањето на изградбата на новиот објект на Клиничка болница – Штип, да се одвива со засилена и прецизно утвдена динамика.
Задолжени се Министерството за здравство, проектната единица и надзорот да подготват „Проект на изведена состојба“, односно пресек на досега изведените работи, во рок од 42 дена. Задолжена е Проектната единица, по направениот пресек на состојбата, во соработка со Бирото за јавни набавки, да подготви нова, тендерска документација и биде објавена јавна набавка во рок од 30 дена, информираат владините служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот.
Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале се додека оштетениот не паднал во безсознание. Му нанеле тешки телесни повреди поради кои тој во живото- загрозувачка состојба е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Со дејствијата на насилство, кај сведокот – внукот на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Македонија
Царинските тимови со засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро

Мобилни царински тимови спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, соопштија од Царинската управа.
-Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за криминал, изјавил помошник директорот за контрола и истраги Влатко Лакордов.
Со зголемената контрола на пловните објекти, се додава во соопштението, целиме кон спречување обиди за криумчарење и обезбедување ефикасна и реална наплата на увозни давачки.
Македонија
Апасиев со тужба против Собранието и Гаши

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши.
Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава.