Македонија
Клучна е раната детекција и превенција за рак на грлото на матката
Во Програмата за скрининг за рак на грло на матка за 2023 година, како и досега, утврдена е активност за матични гинеколози, кои во рамките на програмата можат да направат ПАП тест кај жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст, кои три години немааат направено пап тест, објави Министерството за здравство.
Во текот на годината, пациентката која ќе се јави кај матичен гинеколог може да направи и дополнителен гинеколошки преглед со ПАП тест, согласно медицинска индикација утврдена од матичниот гинеколог. Дополнителните прегледи утврдени од матичниот гинеколог се на товар на ФЗОМ, а пациентот плаќа партиципација за прегледот.
За успешно спроведена скрининг превенција се смета доколку во период од три години се опфатат 75% од целната популација на жени. Затоа, од октомври 2022 година со измените во Програмата за рана детекција на малигните заболувања на РСМ за 2023 година, Министерството за здравство воведе и мобилни гинеколошки амбуланти, кои се дел од Програмата на Министерството за здравство.
При посетите на пациентките во мобилните гинеколошки амбуланти се остварува и целта да се подигне свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи, препорачаните периодични гинеколошки прегледи и ПАП тест, кои овозможуваат рано откривање на ракот на грлото на матката. Истовремено, пациентките добиваат и совети за планирање на семејството и безбедно мајчинство. Услугите се наменети за жени и девојки од ранливи семејства, во потешко достапни рурални области.
Препораки за скринингот на рак на грло на матка во Европа, согласно Регионалниот центар за рак се следните:
Словенија – еднаш на три години
Италија – еднаш на три години
Франција – еднаш на три години после два последователни негативни теста
Унгарија – еднаш на три години
Главна цел е да се намали инциденцата и смртноста на жените од рак на грлото на матката во Република Северна Македонија, да се зголеми бројот на лица опфатени со организираниот скрининг да се подигне свеста кај жените за важноста од редовни превентивни прегледи и вклученост во организираниот скрининг да се зголеми бројот на гинеколози вклучени во организираниот скрининг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

