Македонија
Книги за Мајка Тереза во Националната библиотеката на Рига
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари повеќе работни средби во рамки на билатералната посета на официјална Рига.
Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во латвискиoт парламент (Сајмот), Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските билатерални односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда.
„Северна Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање”, истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Северна Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник.
Колс ја реафирмира латвиската поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија и изрази очекување за ревитализација на парламентарната соработка во наредниот период. Брифираше за состојбите во Балтикот, по руската инвазија во Украина, и повика на солидарност и максимална поддршка за Украина, изразувајќи признание за напорите на нашата земја на овој план.
Во рамки на својот престој во Латвија, Османи оствари посета на Националната библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латвиската книжевност, додека Османи подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред латвиските читатели, како и книги за Мајка Тереза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

