Македонија
Коалиција „За подобра Македонија“: Власта доживеа дебакл и го загуби легитимитетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше средба со политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.
„Коалицијата ‘За подобра Македонија’ оцени дека договорот на Заев со Грција е отфрлен од граѓаните кои јасно и недвосмислено се изјаснија против на референдумот, оние кои гласаа против и оние кои апстинирајќи одлучија да не го поддржат. Власта воедно доживеа дебакл и го загуби легитимитетот од народот. Таквата порака од граѓаните треба задолжително да ја следи и почитува Владата, политичките партии и Собранието заедно со сите народни парламентарни претставници. Изигрувањето на волјата на граѓаните би преставувало замирање и поништување на демократијата“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ по средбата.
Од таму наведуваат дека Коалицијата ги осудува сите нерегуларности присутни при референдумското изјаснување организирано од власта.
„Воедно Коалицијата посочува дека одговорност мора да има за ваквите нерегуларности и груби злоупотреби кои не смеат да се повторат. За да се надмине ова, Коалицијата застанува зад барањата да се формира техничка влада најмалку 100 дена пред изборите, да се избере нов Јавен Обвинител на предлог на опозицијата, како и да се формира посебна собраниска комисија која ќе ги испита и утврди одговорностите за злоупотребите направени при референдумското изјаснување“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.