Македонија
Ковачевски-Богдан Мартин: Северна Македонија е земја со една од најразвиените телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот
На маргините на атлинскиот дигитален самит 2023 во Естонија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, оствари средба со генералната секретарка на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Дорин Богдан-Мартин.
На средбата беше нагласено дека Северна Македонија од ITU е признаена како земја со една од најразвиените телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот, што дава основа за брза дигитална трансформација, известуваат од Владата.

Беше разговарано за човечките ресурси како предуслов за дигитална трансформација. Експертизата на македонските ИТ-инженери е високо ценета во ITU-структурата и на состанокот беше потенциран нивниот значаен придонес во многу меѓународни проекти во светот.
Посебен акцент на средбата беше даден на соработката на Меѓународната телекомуникациска унија со Министерството за информатичко општество и администрација на краткорочни проекти, кои со готови архитектонски дизајни на софтвер ќе обезбедат исчекор во интероперабилноста на јавните институции.
Од ITU е поздравена посветеноста на процесот на дигитализација од страна на највисокото политичко раководство сметајќи дека тоа ќе поттикне и други земји да дадат приоритет на овој процес во своите земји.
Од страна на премиерот Ковачевски беше посочено дека преку формирањето на Агенцијата за дигитализација ќе се забрзаат реализацијата на дигиталната безбедност и креирањето интероперабилни системи, кои ќе ги развиваат ИТ-ресурсите во институциите на централизиран и инклузивен начин, се додава во соопштението на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

