Македонија
Ковачевски – Вадефул: Германија ја реафирмира поддршката за европерспективите, се очекува следниот клучен потег од Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Јохан Вадефул, пратеник во Бундестагот на Сојузна Република Германија, заменик-претседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања од доменот на надворешните работи и одбраната.
На состанокот на кој присуствуваше и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ се разговараше за актуелни прашања од значење за нашата држава и за стабилноста и безбедноста на регионот и на Европа.
Од двете страни се нагласи значењето на претстојниот чекор на Република Северна Македонија, што треба да ги осигура европските перспективи на државата. Оценката е дека пред нашата земја е навистина неповторлива шанса, во динамичен процес, во следните неколку години, да стане членка на Европската унија. Ова, како што е констатирано, е резултат на политиките на Северна Македонија и одговорното однесување, посебно во новиот геополитички контекст и предизвици за Регионот, Европа и светот.
Во разговорот е акцентирано дека проширувањето на Европската унија никогаш порано не било толку високо на агендата на ЕУ.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за секогаш навремената, силна, континуирана и гласна поддршка од Германија за европерспектвите на Северна Македонија.
„Германија, како најголема земја членка на ЕУ, има посебна улога и одговорност за иднината на Западен Балкан во ЕУ. Политиката на проширување е движечка сила за мир, демократија, владеење на правото и просперитет во Европа. Ние сме фокусирани на можноста пред нас за натамошно унапредување на нашиот интегративен пат во ЕУ. И веруваме дека заедно со европски определените политички сили во државава, како со поддршката од нашите големи европски пријатели, како Германија, за македонските граѓани е достижен заслужениот и очекуван европски квалитет на живот“, рече премиерот Ковачевски.
Пратеникот Вадефул истакна дека клучните германски политички партии ја поддржуваат европската перспектива на земјите од Западниот Балкан. Изрази разбирање за критичната фаза од процесот на евроинтегрирање во која се која се наоѓа Северна Македонија и нагласи дека неискористувањето на прозорецот на можности кој е отворен пред земјата ќе донесе неизвесност за која никој не мoже да предвиди како ќе изгледа и колку ќе трае.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“
Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт, Арбр Адеми.
„Речиси во сите општини сме во предност: Дебар 2:1, Струга повече од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. ВО предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково“, изјави Адеми.
Како што рече, се потврдува дека Европскиот фронт ќе стигне до над 20 пратеници.
Според резултатите објавени на страната на ДИК, од досега пребројаните гласови, Европскиот фронт на ДУИ освоил 90.151 или 16,59 отсто, додека Влен има 73.893 гласа или 13,60 проценти.
Македонија
(Видео) Левица: Имаше нерегуларности, бугарски воз, притисоци од сегашната власт и закани за отпуштање по изборите од опозицијата
Партијата Левица вечерва по затворањето на гласачите места обвини за низа нерегуларности за време на гласањето, но и покрај тоа очекува позитивен резултат од изборите. Портпаролот Амар Мециновиќ обвини за ситуации со бугарски воз, попречено гласање, притисоци од сегашната власт но и закани за отпуштања од работа по изборите од сегашната опозиција.
„Денеска видовме дека имаше многу недоследности и неправилности во текот на целиот ден. Лица што требаше да гласаат како болни и изнемоштени вчера не можеа да гласаат. Денеска имаше ситуации на бугарски возови, имаше ситуации во кои имаше изборен материјал до изборните места и имаше ситуации каде што гласањето беше попречено на моменти. Од друга страна во текот на денот забележавме и дека структури блиски до сегашната власт вршеа притисок на наши активисти и на наши истакнати членови, додека, од друга страна, и најголемата опозициска партија го вршеше овој притисок. Дури се одеше до таму да се заканува со отпуштања по изборите“, рече портпаролот Мециновиќ.
Тој потенцираше дека денес пратеници на ВМРО – ДПМНЕ еклатантно лажеле дека Левица повикува на бојкот.
„Левица веќе два дена повикуваше на одѕив. Медиумите блиски на ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека Левица не излегла да гласа. Тоа е лага. Ние повикуваме на гласање. Ние сме најголем непријател на оваа власт која сега си заминува. Го поздравуваме одењето на власт и очекуваме позитивен резултат“, нагласи Мециновиќ.
Од нешто повеќе од половина обработени избирачи, според податоците на Државната изборна комисија, Левица добила 31.012 гласови или 6,44 отсто од досега пребројаните гласови.
Македонија
Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто
Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти СДСМ со 46.385 гласови или 12, 51 отсто.
Коалицијата „Европски фронт“ има 19,37 отсто, односно 71.786 гласа, а Влен 60.779 (16,40 отсто).
Левица, според податоците има 22,050 гласови (5,95 отсто), а ЗНАМ 16.109 (4,35 отсто).
Резултатите постојано се ажурираат на веб страната на ДИК.