Македонија
Ковачевски-Вал: Македонија е подготвена да претседава со ОБСЕ од јануари 2023 година
Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Килијан Вал, новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На состанокот е поздравен напредокот на Република Северна Македонија, што го покажуваат развојот на демократијата во државата, почетокот на преговорите со Европската Унија, претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ, што треба да започне од 1 јануари 2023 година, информираат од Владата.
Ковачевски се заблагодари за придонесот на ОБСЕ во развојот на Република Северна Македонија како демократска држава, рече дека денес Северна Македонија има слободни медиуми, дека има слободни изборни процеси и дека државата се развива според европските вредности, што е од важност како за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, така и од геостратешко значење.
Изрази уверување дека нашата држава успешно ќе претседава со ОБСЕ, посочувајќи дека Република Северна Македонија се развива како едно општество за сите граѓани, дека ги развива добрососедските односи низ европските принципи на разбирање и меѓусебно почитување и е целосно посветена на европските интеграции како стратешка цел.
На средбата е разговарано и за важноста на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.
Ковачевски, информираше за посветеноста во надминувањето на економските и енергетските предизвици, предизвикани од светската криза, по пандемијата и војната во Украина во светски рамки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

