Македонија
Ковачевски: Влегов директно во огнот, за побрзо да испорачам резултат
Ниту еднаш, во било која прилика, дома или во странство, не ја користевме кризата како алиби, како оправдување во нашата работа, напротив, влеговме директно во огнот, за да испорачаме резултат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во преполната сала на денешната голема национална трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.
„Нашиот масовен собир го одбележува и мојот едногодишен мандат како претседател на СДСМ, заедно со новото централно и локални раководства. И тогаш, и во сите мои настапи, дали дома или во странство сеедно, така и сега, ќе бидам истиот. Како што ветив, како што работам! Ќе зборувам искрено, директно, без калкулации, без флоскули, како човек, и со разум, но и со многу емоции! Поинаку не знам, ниту сакам! Ја започнав оваа година, во многу сложени и тешки услови! Се нафатив, ме избравте, преземав обврска да го водам СДСМ по поразот на локалните избори! И денес, иако не морам, сакам да повторам! Ја започнавме годината со јасна визија и обврска. Одлучивме да се менуваме, да бидеме подобри и поуспешни, не за себе, туку за граѓаните и државата. Од првиот момент, ниту јас, ниту моите колешки и колеги, не застанавме на тој пат ниту еднаш! Посветено, чесно и целосно се внесовме во спроведувањето на нашите обврски и ветувања! Единствено по принципот ветено-спроведено, кажано-извршено!, рече Ковачевски.
Влеговме директно во огнот, на сите стари, но и на нови фронтови, дома и надвор, со единствена цел – како подобро, поефикасно, побрзо и одржливо да испорачаме решенија, мерки, одржливи политики за подобра сегашност и иднина, потенцираше Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.
На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во „поубав и поевтин хотел“.
Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

