Македонија
Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат на државата.
„Нашата земја е соочена со големи предизвици и се наоѓа во пресудни моменти во кои се одредува нашата иднина. Има потреба од единство, сплотеност, заедништво, лидерство. Тоа го очекуваат нашите граѓани. Тоа ѝ треба на нашата држава и ние сме спремни тоа да го направиме“, рече претседателот Ковачевски.
„Како државотворни и одговорни лидери и предводници на сите основачки одлуки за независна, еднаква и евро-атлантска земја во последните три децении, сметам дека е дојдено време да ги повикам сите општествени фактори, граѓаните, медиумите, невладините организации, академската заедница и политичките партии, особено парламентарните, да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност преку полноправно зачленување во Европската Унија. Дојдено е време за заедништво, време е за храброст и за лидерство и ние сме подготвени да подадеме рака надминувајќи се и себеси и теснопартиските интереси. Затоа, првенствено ги повикувам коалициските партнери, со кои ги донесовме тешките и пресудни одлуки за независност, еднаквост и евро-атлантска држава, како и опозицијата, да се обединиме околу стремежот за евроинтеграција, стремежот за европска Македонија. Јас сум убеден и подготвен. И сите ние треба да сме убедени и подготвени“, повика претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

