Македонија
Ковачевски: ЕУ е нашата определба без разлика на сите опструкции
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на панелот на Самитот „Македонија 2025“ посветен на актуелната економска ситуација и излезните решенија за економски приоритети ги истакна клучните приоритети на кои е посветена Владата.
„Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите. Вториот се однесува на одржлив економски раст, односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот, како и на стопанската активност во земјата и третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто-инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок“, истакна премиерот Ковачевски.
Тој додаде дека големиот пакет антикризни мерки даде резултати и овозможи да бидат постигнати стапките на раст од преткризното време со пандемијата.
Премиерот Ковачевски во однос на актуелната економска и енергетската криза потенцираше дека за да бидат надминати последиците кои се дел и од дисконтинуитет на државата од периодот на независноста, Владата фокусот го стави во инвестирање во модерни енергетски системи, во дигитализацијата и реформи во образованието од аспект на едуцирање на кадри коишто се потребни на пазарот и на современиот технолошки развој.
„Не може да очекуваме од закони за образование стари 20 години да добиеме резултати за земја која сака да оди напред и да го одржува чекорот со напредните земји во дигиталното време“, потенцираше Ковачевски.
Ковачевски нагласи дека регионалната соработка е наша стратешка ориентација, а во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари
Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.
При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност.
„Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатуваме апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење“, се наведува во соопштението.
фото/депозитфотос
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.

