Македонија
Ковачевски е директен учесник во криминалите на ДУИ и Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од партијата ВМРО- ДПМНЕ тврдат дека Димитар Ковачевски молчи за криминалот на неговиот коалициски партнер Али Ахмети и кланот Зајас.
„Ковачевски бега и не смее збор да изусти за тоа како Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети, кои ја формирале компанија „Хелиос“, и сопствената банка ја известиле дека ќе градат фотоволтаична централа, како и дека имаат дозвола од страна на државните институции и дека планираат јавно приватно партнерство за централата е изградбата на фотоволтаична централа од 60МW во Кичево, вредна 35 милиони евра. Без одобрување и поддршка од Ковачевски и Ахмети никој не може да даде усна гаранција дека нивниот бизнис ќе биде реализиран и тоа со финансиска помош од Владата на СДС и ДУИ. Зошто Ковачевски молчи? Дали фотоволтаичната централа треба да се гради со панели од ‘Пиксле груп’, формирана од него? Дали заради интерес Ковачевски молчи и го аминува криминалот на кланот Зајас?, велат од партијата.
Според нив Ковачевски е соучесник во бизнисот, затоа што и тој има интерес од сето ова.
„Ковачевски е директен учесник во криминалите на ДУИ и Ахмети. Ковачевски се плаши да побара одговор и одговорност за Ахмети и ДУИ, бидејќи и тој е целиот во криминал. Али Ахмети и Димитар Ковачевски се најголемите криминалци. ДУИ 22 години ја пустоши државата. ДУИ мора да замине во опозиција и да одговара за сиот криминал“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека на граѓаните не им треба премиер како Ковачевски, кој го аминува криминалот на ДУИ и Ахмети и кој нема храброст јавно да зборува за криминалите на Ахмети и ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

