Македонија
Ковачевски: Забрзана евро-атлантска интеграција ќе придонесе за стабилен и безбеден регион
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, во Вилнус, на вториот ден од самитот на НАТО, учествува на втората сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и влади и земјите партнери на НАТО. Во владината делегација, што ја предводи премиерот Ковачевски, се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
На првата сесија учество зедоа 31 земја членка на НАТО, како и партнерите од Индо-Пацификот, Јапонија, Австралија, Република Кореја и Нов Зеланд, како и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во фокусот на агендата на втората сесија од самитот е зајакнувањето на партнерствата и пошироката геополитичка и безбедносна глобална слика.
„Безбедносните состојби на Евро-Атлантикот и Индо-Пацификот се блиску поврзани и важни за НАТО. Со нашите партнери од Индо-пацифичкиот Регион, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото дејствување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент.
На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет, на кој исто така претставниците, претседателите и премиерите на земјите од Западен Балкан ќе го реафирмираат и ставот за важноста на европските и евро-атлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ“, се вели во соопштение на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.

