Македонија
Ковачевски: Почната е енергетската трансформација со која се обезбедува чиста енергија и енергетска независност
Целта е Република Северна Македонија загадувачките производители на електрична енергија да ги замени со обновливи извори на електрична енергија, а тоа го правиме преку инвестиции во капацитети што ќе произведуваат чиста и зелена енергија како овој на локацијата на поранешниот рудник „Осломеј“. Ова го изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е планот на Владата за инвестирање во енергетиката во согласност со зелената агенда на ЕУ и во услови на светска криза.
„Вие знаете дека донесовме одлука и за влегување како држава во проектот во Александропули, кој е меѓународен проект во Р. Грција заедно со Р. Бугарија и Република Северна Македонија, таму веќе имаме донесено одлука за закуп на количини ЛНГ, кои преку интерконекторот, кој исто така е во изградба, преку Грција до нашата држава ќе се транспортира тој гас“, рече премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата посочи дека дополнително се работи за уште една конекција со Р. Бугарија за природен гас, која ќе овозможи доволни количини природен гас во државата за да може исто така да се влезе и во инвестиции на гасни централи. За ова веќе има интерес од странски инвеститори, но и ЕСМ работи на проект, односно на студии што ќе овозможат дел од капацитетите што ги има за производство на електрична енергија да бидат трансформирани во производство на електрична енергија на база на природен гас.
„Сето тоа навистина е еден комплетен проект, добро осмислен во согласност со стратегијата на државата за енергетска транзиција до 2040 година, во Владата веќе работи тим на проектите, нормално заедно со потенцијалните инвеститори и изведувачи на работите, реномирани меѓународни компании, и јас верувам дека доколку сите дадат сѐ од себе како што дадоа сѐ од себе оние што работеа на овој проект, ќе се гледаме на уште вакви настани на пуштање централи од обновливи извори на енергија. Тоа е патот напред и тоа е патот на транзиција и производство на електрична енергија за една земја што сака да оди напред, а Република Северна Македонија е земја што оди напред“, рече премиерот Ковачевски.
Премиерот потсети дека, освен инвестициите во Осломеј, преговори се водат со германскиот ВПД, еден од најголемите светски производители на електрична енергија од ветер, и со АКИ од Франција, еден од најголемите исто така светски производители на сончева енергија за конкретни проекти што се со големина од 900 мегавати.
Исто така, во Битола се подготвува изградба на уште една фотоволтаична централа, во финална фаза на подготовка, односно на почнување со градежни работи се и инвестициите на инвеститори од Р. Словенија и од Р. Бугарија, кои пред 2 години ги добија локациите за производство на фотоволтаични централи од обновливи извори на енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

